Свет

Германскиот командант поднесе оставка затоа што рече дека „Путин заслужува почит“

Командантот на германската морнарица Кај-Ахим Шенебах поднесе неотповиклива оставка до германскиот министер за одбрана.

Вицеадмиралот Каи-Ахим Шенебах поднесе оставка во саботата по критиките поради неговите изјави дека рускиот претседател Владимир Путин заслужува почит и дека Киев никогаш нема да го врати Крим, кој беше припоен од Москва.

Побарав од министерката за одбрана Кристина Ламбрехт да ме разреши од должноста и тоа веднаш да стапи на сила – се наведува во изјавата на Шенебах.

Тој потврди дека министерката го прифатила неговото барање.

Веста за оставката на германскиот воен функционер дојде по напнатата дипломатска недела во која Русија и Западот разговараа за украинската криза и европската безбедност. Западните земји бараат од Русија да се повлече од украинската граница, а Русија очекува НАТО да не се шири кон Источна Европа.

 

 

Related posts

Leave a Comment