Свет

Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата во џамијата во Пакистан

Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во џамија во Кета, југозападен Пакистан, при што загинаа 15, а повредени се 20 лица

Силна експлозија одекна во џамија во Кети, главниот град на провинцијата Балучистан, за време на молитвата во петокот.

Меѓу загинатите е и истакнат полициски службеник.

Началникот на полицијата на Кети, Абдур Разак Чима, изјави дека едно лице починало во болницата изминатата ноќ, а две други се во критична состојба.

Превземајќи ја аодговорност, Исламската држава соопшти дека цел на самоубиствениот напад биле авганистанските талибанци.

Портпаролот на талибанците Кари Мохамед Јусуф Ахмади, сепак, тврди дека никој од членовите на групата не бил во џамијата, пренесува АП.

Тоа беше втора експлозија оваа недела во тој град, лоциран во провинцијата Балучистан, која граничи со Авганистан и Иран.

Related posts

Leave a Comment