Свет

„ИСПРАТЕТЕ ГО БАЈДЕН НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ Медведев им порача на американците да ја уништат тиранијата

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, реагираше на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека очекува да биде уапсен во вторник на 21 март.

На таа објава тој духовито реагираше, пишувајќи дека е неопходно да се испратат актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и неговиот син Хантер, против кој се води истрага, на буништето на историјата.

-Будалите во Европа сакаа да уапсат друг, а на 21 март еден свој во Америка. Вратете си ја државата Американци! Во битка! Уништете ја тиранијата на Вашингтон – рече Медведев.

Медведев алудира на одлуката на Меѓународниот кривичен трибунал (ICC) во Хаг да издаде налог за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, кој е обвинет за наводни воени злосторства во Украина.

Со ироничен тон, Медведев ја завршува изјавата на Телеграм велејќи дека тоа го дал на барање на „американскиот претседателски кандидат полковник Данило Федорович Трамп“.

– Неопходно е да се испратат актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и неговиот син Хантер, против кои се води истрага, на буништето на историјата – напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

На изјавата на Трамп одговори и сопственикот на Твитер, Илон Маск, кој рече дека доколку Трамп биде уапсен, тоа ќе доведе до негов реизбор на претседателските избори во 2024 година.

– Ако тоа се случи, тоа ќе биде почеток на резиборот на Трамп – порача Маск на Твитер.

Related posts

Leave a Comment