Истанбулската полиција соопшти дека уапсила 33-годишен возач кој со автобус влетал во преполната автобуска постојка во градот, а потоа со нож ги нападнал луѓето кои се обиделе да го запрат.
Во таа пригода се повредени 13 лица, од кои најмалку едно со нож, пренесува АП.
Во соопштението се вели дека возачот е уапсен откако скокнал во морето за да избега од местото на настанот.
Помеѓу повредените се тројца ирански државјани и две деца.
Засега е непознато дали возачот намерно влетал во постојката.