Свет

Емануел Макрон „повеќе ги сака мигрантите од Африка отколку бандите од Бугарија“

Претседателот Емануел Макрон во интервју за десничарскиот магазин „Актуелни вредности“, објавено во петокот изјавил дека „повеќе ги сака мигрантите од Гвинеја и Брегот на Слоновата коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.

Макрон во интервјуто, зборувајќи за мигрантската политика на својата земја, кажа дека „повеќе сака да има нелегална, регистрирана миграција, со квоти, во текот на „икс години“, отколку нелегални активности“.

„Повеќе сакам да имаме луѓе кои нелегално доаѓаат од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска и кои доаѓаат да работат наместо бугарските и украинските банди“, кажа францускиот претседател.

„Сметам дека тоа што го кажа претседателот Макрон е навредливо за бугарската заедница во Франција“, кажа бугарската министерка за надворешни работи Екатерна Захариева додавајќи дека побарала од бугарскиот амбасадор во Франција да му предаде протестна нота на француското министерство за надворешни работи.

Во истиот контекст француската амбасадорка во Софија е повикана утре во бугарското министерство за надворешни работи за да даде објаснување на ова интервју.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера кажа дека се слушнал со Макрон кој објаснил дека неговите зборови се погрешно протолкувани.

„Ме увери дека не ги критикувал бугарските државјани, работници или институции“, напиша Борисов на Фејсбук.

„Како премиер нема никому да дозволам да го навредува напиот народ и се надевам дека таквите ситуации нема да се повторуваат“, заклучи шефот на бугарската влада.

 

Related posts

Leave a Comment