Свет

Калифорнија-четири лица убиени додеке гледале фудбалски меч

Четири лица загинаа, а најмалку шест се повредени во калифорнискиот град Фрезно кога вооружен напаѓач пукак кон луѓето кои гледале фудбал во дворот на една семејна куќа.

Вооружен напаѓач влегол во дворот на една куќа и почнал да пука кон семејството и нивните пријатели кои гледале фудбалски меч.

Четири лица на возраст меѓу 25 и 30 години се убиени, а најмалку шест се повредени, изјави заменик-началникот на локалната полиција.

Полицијата и брзата помош биле повикани од соседите. 

Во моментот на нападот, во куќата имало околу 35 лица. 

Истрагата е во тек, а засега нема индикации дека напаѓачот ги познавал жртвите.

Во потрага по напаѓачот, полицијата оди од врата до врата, во потрага по сведоци и снимки од надзорните камери, пренесува Си-Ен-Ен.

Фрезно е шести по големина град во Калифорнија. Оддалечен е 322 милји од Лос Анџелес.

Related posts

Leave a Comment