Свет

Кина : Крај на епидемијата

ЕПА-ЕФЕ / КЛАУДИО ГИОВАНИНИ

Во Кина епидемијата на коронавирус е запрена , соопшти официјалниот претставник на Комитетот за здравство, Ми Фенг.

„Бројот на потврдени случаи на инфекција е помалку од 3.000. Ширењето на епидемијата во Кина е целосно запрено“, рече Ми Фенг на брифинг за печатот.

Претходно, медиумите објавија дека во кинеската провинција Хубеи (освен Вухан), позната како жариште на коронавирус, по два месеци домашниот патнички воздушен сообраќај е обновен. Кина има вкупно над 82.000 заразени и 3.300 мртви. Се излечиле 75.448 лица.Вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, а кинеската епидемија на вирусот беше официјално пријавена на 24 јануари 2020 година.

Related posts

Leave a Comment