Свет

Курц : ЕУ ќе мора да се соочи со критики кога ќе помине епидемијата

Себастијан Курц 20200304 ap ronald zak vienna Di018361090

Европската унија ќе мора да се соочи со „критичка дискусија и дебата“ по надминување на кризата околу епидемијата на вирусот корона, најави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Не може да биде дека две недели бевме целосно оставени на себе си и дека моравме да се бориме за камиони со однапред платени стоки и потребни заштитни маски кои стојат на германската граница, истовремено критикувајќи ги и нашите контроли на границата со Италија – рече Курц во интервју за виенскиот весник „Kronen Zeitung“.

На прашањето дали бил исплашен кога ги сфатил димензиите на кризата, тој рече дека немал време за тоа.

„Сè се одвиваше толку брзо“, објасни Курц.

Тој истакна дека воведувањето драстични мерки не е прашање на храброст, туку на неопходност.

– Немаше алтернатива и затоа бевме решени. Фактот дека во моментот многу луѓе се уште велеа  дека тоа не е ништо друго освен грип и што ја минимизираа опасноста, не ги олеснуваше работите. Морам да кажам дека тоа беше силен акт, затоа што имаше многу спротивставувања – рече Курт, додавајќи дека спротивставувањето не дојде од  стопанството и дека не сака да укаже кој се спротивставил.

Тој исто така рече дека не носи заштитна маска, но и дека подлежи на задолжителните дневни мерења на температурата на влезот во владата.

Тој, исто така, оцени дека последиците од оваа криза ќе бидат далеку полоши отколку во 2008 година, затоа што  ова претставува голем товар за економијата.

Related posts

Leave a Comment