Свет

Кинескиот амбасадор во Русија: Москва и Пекинг ќе застанат заедно против хегемонијата на светската сцена

Без оглед на промените во меѓународната ситуација, Русија и Кина ќе ја зајакнат стратешката соработка и заеднички ќе се спротивстават на обидите за воспоставување хегемонија на меѓународната сцена. Ова во понеделникот го изјави кинескиот амбасадор во Москва Џанг Ханхуи, пренесува ТАСС.

Според агенцијата, таква изјава тој дал на младинскиот форум „Кинеско-руски односи – неограничена иднина“.

„Без разлика како се менува меѓународната ситуација, Кина и Русија секогаш ќе истраат во продлабочувањето на стратешката соработка. „Рамо до рамо, ќе ја заштитиме меѓународната правда, ќе се спротивставиме на хегемонијата и политиката на моќ, ќе промовираме изградба на нов тип меѓународни односи и заедничка судбина на човештвото, за да дадеме поголем конструктивен придонес за подобрување на глобалното владеење и стабилноста низ целиот свет“, рече тој.

Кинеско-руската заедничка изјава за влез во меѓународните односи во новата ера и глобалниот одржлив развој, потпишана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пекинг во февруари, има важно влијание врз подобрувањето на глобалното владеење во новата реалност, рече дипломатот.

Related posts

Leave a Comment