Свет

Коза Ностра ја олесни ЕУ за 10 милиони евра

Фотографија од Alex_Schmidt / depositphotos.com / Илустрација

Рим – Сицилијанската мафија со измами  во фондот за помош за земјоделството ја оштети Европската унија за повеќе од 10 милиони евра , според италијанските власти.

Членови на Карабиниерите и финансиската полиција постпапија по 94 потерници рано утрово низ Сицилија.

Вработени и нотари на локалната јавна администрација се уапсени во близина на Месина под сомнение дека работат за мафијата.

Осомничените беа уапсени како дел од истрагата за да се утврди дали тие и помагаат на мафијата, како и обвиненија за изнуда и измама на јавните фондови.

Државниот обвинител за борба против мафијата, Федерико Кафиеро де Рахо, изјави дека илјадници хектари се пријавени за помош од ЕУ со измама, пренесува АП.

Пријавени парчиња земја од наводната измама се наоѓаат во јавниот парк Неброд, ридско подрачје полно со пасишта.

Во последниве години, земјоделците, кои одбија да бидат вклучени во измамата, објавија дека добиваат закани од Коза Ностра.

Related posts

Leave a Comment