Македонија

Коси црти место државјанство во изводите на родени

 

Во изводите за родени кои  граѓаните деновиве ги добиваат не го пишува државјанството.

Во графата за државјанство, наместо истото, стојат коси црти, што може да се види и од фотографијата објавена од  Плусинфо

 

Инаку, државјанството беше предмет на спогодба во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи.

„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.

Related posts

Leave a Comment