Украинскиот претседател Владимир Зеленски е најискрено посветен да стави крај на конфликтот во Донбас и прави сé што може за да ја постигне таа цел, изјави денеска неговиот соработник Андреј Јермак.
– Верувам и цврсто сум убеден дека Зеленски има искрена желба да стави крај на војната и уверен сум дека нашата земја во моментот прави се што може за тоа да се постигне, правиме сé на сите нивоа, вклучувајќи ги и форматите на Нормандиската Четворка и процесот од Минск – рече Јермак за украинската телевизија 24ТВ, пренесува Тасс.
Последната средба на Нормандиската четворка се одржа на 9 декември минатата година.