Свет

Трамп се заканува : Ако не потпишеме договор со Русија, ќе го направам најсилното нуклеарно оружје!

Во случај да не биде потпишан договор за контрола на оружјето со Русија, САД ќе создадат „најмоќно“ нуклеарно оружје на светот, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Според него, на Америка и се потребни „ супер брзи ракети“ затоа што Москва веќе има такво оружје. Тој, исто така, истакна дека руската страна можела да добие информации за соодветни технологии од претходното американско раководство.Договорот за не-пролиферација (СТАРТ-3) истекува на 5 февруари 2021 година. Додека сè уште нема конкретен договор за тоа кога може да започнат преговорите, американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан најави дека Вашингтон би можел да го стори тоа „наскоро“.

Related posts

Leave a Comment