Свет

Кремљ: Бајден бараше убивање на Југословени а го навредува Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е изненаден од обвинувањата на американскиот претседател Џозеф Бајден до неговиот руски колега Владимир Путин, нарекувајќи го „касап“. Тој потсети на барањето на Бајден од 1998 година за бомбардирање на Југославија.

„На крајот на краиштата, тој е човек кој во еден момент, зборувајќи пред телевизиските камери, бараше да се бомбардира Југославија. Така е, тој бараше бомбардирање на Југославија. Тој бараше да се убијат луѓе“, изјави Песков за ТАСС. 

Тој заклучи дека, „затоа, во најмала рака е чудно да се слушнат такви зборови од Бајден“.

Бајден: Путин е „касап“

Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на денешната посета на Варшава изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин е „касап“.

Бајден го изјави ова откако се сретна со раселените мајки и деца од Украина, објави Фокс њуз.

Ова е последниот во низата негативни епитети на Бајден за Путин.

Претходно неколку пати го навредуваше Путин нарекувајќи го „воен злосторник“, а во 2021 година го нарече „убиец“, потсетува „Фокс њуз“.

Related posts

Leave a Comment