Свет

Кристин Асанж: „Мојот син се убива полека и сурово“

 

Мајката на основачот на Викиликс, Жулијан Асанж (48), Кристин Асанж, изјави дека владите на Велика Британија и САД го „убиваат“ нејзиниот син заради откривањето  на злосторства и корупција.

„Мојот син, Жулијан Асанж, се убива бавно, сурово и нелегално од страна на владите на Соединетите држави и Велика Британија, заради повеќекратното наградувано новинарство, обелоденувајќи ги воените злосторства и корупцијата“, напиша таа на својот профил на Твитер, пренесува Танјуг.

Под таа објава, таа додаде соопштение на Викиликс, односно извештај на известувачот на ООН за тортура и мачење, кој се залагаше за ставање крај на „колективниот прогон“ на Асанж.

Известувачот наведува дека во својата 20-годишна кариера, никогаш не видел како група демократски држави се соединуваат и намерно изолираат, демонизираат и злоупотребуваат поединец толку долго, без никакво почитување на човековото достоинство и владеењето на правото.

Основачот на Викиликс во моментов е во затвор во Лондон, откако беше уапсен во еквадорската амбасада во тој град по скоро седум години.

Сите што го посетиле рекоа дека неговото здравје е лошо, јави медиумот Русија Денес, во која се наведува дека тој бил посетен од новинарот Џон Пилџер минатата недела, кој рече дека неговата состојба се влошува и дека се третира полошо од убиец.

Во моментов, на Асанж му се заканува екстрадиција во Соединетите држави, каде е обвинет за поседување и ширење на доверливи информации, и доколку биде прогласен за виновен, може да биде осуден на 175 години затвор.

Related posts

Leave a Comment