Поранешниот директор на приштинскиот јавен сервис РТК Ментор Шаља ги критикуваше граѓаните на т.н. Косово.
Тој ги критикува затоа што дадоа најголема поддршка на движењето за Самоопределување и на Албин Курти на предвремените парламентарни избори, велејќи дека тие „гласале за Русија и Истокот“.
Набргу после тоа, Шаља го избришал тој коментар од социјалните мрежи, објави приштинска Коха.
„Исток-Запад, Запад или Исток?! Одговорот беше даден синоќа – Денес, 26 проценти од луѓето (за среќа не повеќето Косовци) се пресели на исток“, напиша Шаља.
Тој додаде и дека САД сакаат Приштина да биде со Западот, но според неговите зборови „тоа не се слушнало“.
Тој додаде дека, до овие избори, „Косово никогаш не било поблизу до завршување на својата државност“ и дека од синојќа кога првичните резултати од изборите беа објавени, „Косово е оддалечено од заокружувањето на државноста“.