Политика

Трамп : Оставам на Турците и Курдите да ја решат ситуацијата во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оправда одлуката за повлекување на американските трупи од северна Сирија, велејќи дека им остава на оние што се вклучени во конфликтот сами да ја решат ситуацијата.

„Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе мора сами да ја решат ситуацијата и да утврдат што ќе прават со припадниците на Исламската држава, фатени во нивната околина“, рече Трамп во долгата порака на Твитер.

Тоа е прва реакција на Трамп откако Белата куќа најави повлекување на американските трупи, отворајќи го патот за турската воена офанзива против Курдите.

„Курдите се бореа со нас и добија огромни пари и опрема за тоа. Тие се борат во Турција со децении. Сакав да останам подалеку од тој конфликт скоро три години, но беше време да се извлечеме од тие смешни и бескрајни војни. , многу од нив се племенски “, додаде Трамп.

Американскиот претседател додаде дека Американците ќе се борат таму каде што ќе имаат предност и само за да победат.

Трамп за европските џихадисти кои ги држат курдите ,рече дека Европа ги замолила САД да ги задржат.

“Јас одговорив дека тоа нема да го направиме затоа што веќе направивме огромна услуга а сега тие сакаат да ги чуваме во американските затвори, а тоа чини многу. Сега се нивни и самите нека проценатвшто ќе прават со нив”, додаде американскиот претседател.

 

Related posts

Leave a Comment