Свет

Лавров ги обвини „бриселските лидери“ дека му ја блокираат можноста да го посети Белград

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот ги обвини НАТО и ЕУ за тоа што не можел да лета за Белград, порачувајќи им дека нема да можат да ги нарушат односите меѓу Москва и Белград.

Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора, земјите што ја опкружуваат Србија, го затворија својот воздушен простор за официјалниот авион со кој рускиот дипломат требаше да патува во српската престолнина во понеделник.

По тој повод Лавров одржа прес-конференција во Москва и рече дека Русија не може ни да замисли ваква одлука на три членки на НАТО. Мислејќи на Србија, тој додаде дека со тоа на една суверена земја и се ускратува правото на сопствена надворешна политика. Никој нема да може да ги уништи нашите односи со Србија“, рече Лавров. Тој додаде дека забраната за летови покажува дека ЕУ ги активира „најниските начини на дејствување кон лидерите на оние држави кои не сакаат да го потиснат нивното достоинство и интереси, а сето тоа е спротивно на меѓународното право“, пренесува РИА .

„Очигледно, бриселските лидери не сакаа да ни дадат платформа за разговори во Белград, каде што ќе ја потврдевме позицијата на Русија за Косово и БиХ и ќе ја поддржевме иницијативата на Белград за „Отворен Балкан““, рече Лавров, додавајќи дека тоа е сега „затворен Балкан“.

Посетата на Лавров беше закажана за 6 и 7 јуни, три дена пред посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц. Српската премиерка Ана Брнабиќ во неделата изјави дека доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи ја стави Србија во „исклучително комплицирана ситуација“, при што некои опозициски партии и невладини организации повикаа да се откаже посетата, велејќи дека таа била штетна за време на руската инвазија на Украина.

Related posts

Leave a Comment