Свет

Лавров тврди дека Асанж веројатно бил измачуван во лондонскиот затвор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека верува во можноста дека основачот на Викиликс, Жулијан Асанж бил измачуван во лондонскиот затвор.

Тој ова го изјави за руската телевизија 24 Русија, пренесува Тасс.

„Тие исто така треба да ги отфрлат обвиненијата против (поранешниот разузнавач) Едвард Сноуден, да го ослободат Жулијан Асанж и да престанат да прибегнуваат кон тортура, за која се чини по неговиот изглед е изложен во Велика Британија“, рече Лавров.

Асанж беше уапсен во април годинава во еквадорската амбасада во Лондон, откако таа земја му го укина азилот по седум години, пренесува Танјуг.

Related posts

Leave a Comment