Македонија

Пендаровски : И името на државата го сменивме за да добиеме датум за преговори

Image result for pendarovski

,,И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“

Во интервју за австрискиот весник ,,Пресе“, Стево Пендаровски ја предупредува ЕУ дека за никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори.

Пендаровски ѝ укажува на Унијата дека доколу се одложуваат пристапните преговори, ќе изгуби на кредибилитет и веродостојност.

,,Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше-за да станеме членка на ЕУ. Исполнивме се што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување“-изјави Пендаровски за австрискиот ,,Пресе“.

Related posts

Leave a Comment