Свет

Лекот за ХИВ-Леронимлаб, кој успешно го лекува коронавирусот, преминува во втора фаза на испитувања

Асистент за истражување поседува примероци од тестови за коронавирус.

Експерименталниот лек за ХИВ, кој се користи за успешно лекување на пациенти со КОВИД-19, е во втората фаза на тестирање од Управата за храна и лекови на САД, велат нејзините производители.

Леронлимаб, направен од биотехнолошката компанија „Цито-Дин“, беше искористен за лекување на мал број тешко болни пациенти во болниците во Њујорк ; две лица беа во можност да бидат отстранети од респираторите .

“Една студија во Кина покажува стапка на смртност меѓу КОВИД-19 пациентите кои имаат потреба од механички респиратор на повеќе од 85%, светот очајно има потреба од терапија која може да им помогне на овој тип на пациенти”, се вели во изјавата на извршниот  директор на Цито-Дин, Надер Пурхасан .

Првичните студии сугерираат дека Леронимлаб може да го намали хиперактивниот имунолошки одговор, познат како цитокин бура, која може да биде активирана од коронавирусна инфекција.

Цитокин бурата може да резултира со пневмонија, па дури и смрт.

„Плачев околу пет минути. Беше многу, многу емотивно “, изјави Пурхасан за КИРО 7 Вестите на Сиетл, откако прв пат дозна за резултатите. „Се надеваме дека ќе спасиме милиони животи“.

Related posts

Leave a Comment