Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: АЗБУКА КОЈА ИГРА

 

Некаде прочитав дека некој психолог заклучил кога си имате мака би требало да се обидете со асоцијации. Ќе ви изветрее барем малку. Молитвата тука е на прво место, но еве може и преку азбуката. Денес бев на работа па не стигнав да се самоизолирам😄Но подобро да не уклучев тв- бомбардирање: болести, смрт, паника, страв. Епа удирам контра! Ќе се расположам сама себе, а можеби и некого од вас.Почнувам од А и тоа само убави асоцијации!

А- Африка. “Топла као Африка”пееше Дино Дворник. Гола, мека, бела, помамна жена.Топла.Сок.
Б- БОГ. Пат, Вистина, Живот. “Без мене не можете да правите ништо” ни рече. Тогаш да оставиме на Него.НЕКА БИДЕ ВОЛЈАТА ТВОЈА!
В-Весна=Пролет. Ја нема таа тага која пролетта не може да ја испере.Пупка, цвет, ружичка.Нежна розева ружичка која полека се отвора.
Г- Гради, бели дојки кои хранат.Мајка- каналот помеѓу нас и Бог.
Д – Добрина, доблести.Меко лебче или памук- човек.Прекрасно.
Ѓ- Ѓурѓовден и цигани.Голи,боси, гладни и среќни.Само песна нека ечи.Друго што? Играј!
Е- Егзалтација, восхит.Ох каква природа! Славен да си Господи! Каков совршен креатор и архитект!
Ж – Живот.Вдиши, вдахни, створи! Длабоко!
З- Зора.Најтемно е пред зората. Совршен мир.Секогаш свечен и спокоен пред изгревање на нашата ѕвезда Сонцето.
Ѕ – Ѕвезди и ѕуница. Едните ја покажуваат љубовната светлина во ноќите, ѕуницата ја материјализира надежта. Ете го ветувањето дека се ќе биде добро на крајот.
И – Исконско, икона, извор. Бистра вода студена.Сина.Чистината е сина.Затоа е такво Небото кога е чист воздухот. Ммм мирис на свеж шумски воздух, или можеби морски, езерски.Вода, чистина, свежина, мириси.
Ј- Јасно и ведро.Јако и цврсто. Како мудра жена и стамен маж!
К- Коњак. Може еден после напорен ден нели?
Л- Леснотија, лелеавост на цветниот фустан на врцкава жена.Липа- мирисот на 10-ти Јуни.БЕЗГРИЖНОСТ.
Љ – што друго ако не ЉУБОВ! Само Таа е вечна. Љерка-“бела хаљина у вишњама, о најлепша је без размишљања…”
М- Мило, милостив Господи помилуј не.
Н- Нанај безгрижно. Птиците само пеат, цвеќињата само си убавеат, па Бог се грижи за нивната жед и облека.
Њ- Њам- њам. И ти и ручекот-с’е заедно! Сега ќе видиш!
О- Одлука, оздравување. Оди на подобро.
П- Проштевање. Најслаткото прочистување.
Р- Радости моја!
С- Судбинска Средба во Септември.Среќа и огреало Сонце.

………

Веќе ми е подобро. Очигледно деновиве ќе терам до Ш. Но за денес толку.Имајте волшебна вечер!

Лидија Ѓорѓевиќ

 

Related posts

Leave a Comment