Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : ВРАЌАЊЕ НА ЉУДСТВОТО

ВРАЌАЊЕ НА ЉУДСТВОТО

Гледате како малку по малку се припитомуваме и стануваме ЛУЃЕ?
Тука, во нашите четири ѕида.
Убаво ни го замислија ова.Ма совршено! За да нема делба по раси и религии.Како што обично е во војните.И ова е нивна војна, нели😔
Убаво е да сфатиме дека може да се живее и преживее со многу помалку работи.
Пример : Гарантирано видовте дека имате гардероба да не морате да купувате па барем за едно десет години! Нели црвци? Ама не се лутете за тоа црвци.Добро, ситна боранија може? Епа до сега не можеше ама сега видовте дека може и дека сме сите еднакви пред Бога.Значи црвци, ситна боранија, макови зрна…
Убаво е сега кога сфативте дека животот е овде, а не на друго место.На пример- во туѓиот.
“Можеш да ми донесеш ракавици, маски и средства дезинфекција”? Ме прашуваат.Можам и им носам.”Антиковид деливери”😄.Ги смирувам со нови позитивни вести, неќат ни да чујат! НЕ! Смртоносна е и точка! Ама видете, од обичен грип…НЕ! Ќути!
Дубро.Ќутам.Ќутам и им носам.Тажна сум малку, ама ај, нив ќе ги смирам.
“Ако ви треба нешто тука сум” најубавата реченица.
Ми се јавија барем петнаесет пријатели(овој пат не преку фб) со кои не сум се видела ниту чула со години! Некои само да ми кажат дека ме сакаат.Ве сакам и јас вас, ама не се однесувајте бре како на смртна постела кога пламти живот во вас! Во најголемата измама и театар се наоѓате откога постои човештвото!
Не.Нема сите да умрете.Не сега!

Но да се вратам на темата: Сите нагло станавме луѓе.Се јавувам да те прашам “како си со здравјето, ти треба ли нешто, знаеш дека те сакам, еи, те гушкам, чувај се, абе децава ти ги гледам на фб еее растат ко кифли нека се живи и здрави, а ти текнува на онаа пијана вечер у Зизи, па коа отидовме у она сељачконо Ханибал у Синѓелич?Лиле куј преокрет чуњче! Од рок на турбофолк!”

Чистиме плакари.Еех, се заиграв кај старине фотографии.Онакви, хартиени.Го допирам минатото со прсти.Ластик, жмурки, џамлии, Народна, лепче со мајонез, домат, сирење и вегета оти не можат дома да те приберат.Зарем тоа не беше вистинскиот живот? Брцам со прстите во кал и правам торти и колачи.Кој ме гледа!Стерилизирано!? Црни нокти, среќни очи, ќикотење и валкано фустанче.Црвени панделки на моите стокмени кики.Важно фустанчето” ми се врти” и лилаво е! Мојата и омилената боја на мајка ми.

Пак се занесов.

А редиците пред самопослугите и аптеките? Како во ” комунизмот”.Сите мирни, тивко си говоркаат по нешто.Но нема нетрпеливост.Соседу мој- уважавам те!

Изолирана, а се вртам кон тебе? Ти кон мене. Сега сфаќам колку те сакам. И ти ми го рече истото.ВЕ сакам.Чудно чудо!

Наместо нова гардероба на инстаграм- рецепти, на фб- предлог книги.Уметниците ставиле предизвик- Автопортрети! Си имаме на тацна прекрасни изложби, а да не сме мрднале од дома.Која привилегија!

Обичниот народ се буди во својата креативност.Зарем тоа и не беше целта! Да си ги покажеме талантите од Бога дадени!?

По радио станиците никогаш подобра музика не била пуштана!

Тишина по улиците.Конечно спиеме како да сме во село.Мирно.

Пред некој ден си направив ѓезме со другарка ми.Салатите и ракиите пред нас, ние се гледаме преку екран и “Да живееме да владееме!” Швркнато скроз, но ете, се кикотевме.

Но колку сме духовити како народ Божее, колку сме духовити!Изгледа тоа доаѓа до израз кога ни е најтешко.Скандинавец женска да го остаи ќе се здроби со кола у некој стуб.Ние кога ние најтешко сме најсмешни. Вриштам од смеење на некои досетки!Сама си правам домашни забави.Чувствувам љубов како никогаш до сега.
Голи сме конечно! Како Адам и Ева во рајот.Само ние во пеколот кои сами си го скрчкавме.Онака ко синдром на сварена жаба, полека.
Сте пливале некогаш голи во море?Ослободување! Нема страв, нема паника.Само “ох каков благослов!Природа!”

И ЌЕ НЕ БИДЕ! ЌЕ ВИДИТЕ! САМО УШТЕ МАЛКУ ИЗВЛЕЧЕТЕ ЈА ОД ВАС ТАА ЉУБОВ ЗАЧАУРЕНА! СТАНЕТЕ ОД КУКЛИ ПЕПЕРУТКИ!

УБАВИ МОИ! САКАНА СУМ И ВЕ САКАМ! И МИРНА СУМ.БОГ Е СО НАС Е И ЌЕ БИДЕ! 💖

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment