Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : ЛУЃЕТО СЕ МРЗЕЛИВИ

Фотографија на Lidija Djordjevic.

ЛУЃЕТО СЕ МРЗЕЛИВИ

Сакаме да ни се промени животот, околностите, перцепцијата за нас од страна на другите луѓе, изгледот, да имаме одлично здравје, да бидеме во “топ- форма”, да имаме течна мисла и бргу да ги ” контаме стварите”, но при тоа да не мрднеме ниту со малиот прст.

Е сакаме.Ух, јас пак колку сакам.Одвратен хедонист по карактер! Но вистината ќе ја кажам онака , улично: Е нема и јаре и паре! Нормално, не измислувам “топла вода”со текстов, само си се присетувам колку сум си/сме си лоши сами за себе.”Еееех па какви ги има” вели една моја драга личност.

Ги има де, ама јас сакам да го променам светот.Ха! Да да сигурно! Да бре, сигурно.Кога ќе се променам себеси и барем неколкумина кои ми се ближни во сите горенаведени категории.Тогаш, моето островче ќе се спои со нечиво истотакво друго островче, па можеби ќе станеме континент! Или мнозинство! Живееме во инстант време.Се ни е брзо и на тацна.Дури и “љубовта”. Замислувам жена или маж и пред неа/него на масата рид од: јадења, инекции, капсули, таблети, алкохол, дрога, кондоми, мобилен, тв, компјутер….С’е само нема книга.

Нема дури ни цвеќенце во вазна. Не знам зошто се бунат за карантинов кога безмалку во карантини живееа: Карантин- кола, карантин- работа, карантин- кафана, карантин- фризерници, козметички салони и шопинг центри. Дури и кога се надвор се во карантин. Некаква инерција. Ретко кој го користи животот за креација. Децата се претворија во аутистични роботи занесени во своите телефони. Да, тоа е најлесно после работниот ден.Да му го дадам мобилниот.Полесно отколку да го анимирам или да измислам некоја нова игра. Или едноставно да си разговараме.Уморни сме. Подобро ништо да не правиме.А незапослениот ум е ѓаолска бавча!

Па тој не работи ли не работи! После обилниот ручек може да се тупнеме пред телевизор. Да ни се наполни главата со онаа канализација од вести, кои ако ни се далеку не не ни засегаат.Јемен, мртви, пих, далеку е, добро дај друг канал.Ток шоу со старлета која има 20 000 фанови на инстаграм.Во секунда како болни психопати го забораваме Јемен.Зарем не е тоа нездраво?! Ни емпатија, ни сеќавање.Комплетно за две секунди заборавивме хорор призори кои кога би биле тука би цивкале го глувци.Дефинитивно нешто ни фали во мозоците. И наместо да испешачиме со некој од ближните сега удобно завалени во фотеља ќе слушаме какви” парчиња”(тоа е сега терминот за облека)облекува старлетата и колку пластични операции направила.

Во меѓувреме пуштаат квалитетна турбо-фолк музика со уште поквалитетен текст во стилот на: “У минут до дванаест отопи се лед, упала ми најзад секира у мед. Пуна ми је глава типова што гуше, умрече од муке злобне спонзоруше.” Секако дека има и од оние кои се внесени во спортот, здравиот начин на живот, но често се мрзливи за некои други сфери како и претходните. Духовноста. Животот е себичност, површина, оти ако отидеш во длабокото ќе ти треба голем труд да знаеш да издржиш и да не се удавиш дури и кога повремено ќе те стегне некој грч. Значи резимето би било дека во комфорт зоната ни е најудобно, иако таа е најпогубна за нашата душа. Зошто? Зошто ” ќе си правам што си сакам” не е вистинската слобода.

Тоа е самоволие. Вистинската слобода е ослободување од таа зона.А за тоа треба страдање и откажување.И заради тоа ни се чини дека животот во склад со исходишната, Божјата волја е тежок.Всушност тешко е доаѓањето до него.Прво оди како тешка дисциплина, а потоа како радосна вежба, за на крај да заврши во комплетен мир , кој предизвикува неопислива љубов. Како кога сте вљубени, па блескате и секогаш сте расположени.

Една моја многу драга познаничка ме праша: ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА СТРАДАМЕ ЗА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЦАРСТВОТО БОЖЈО? Ете го одговорот.За одново да се родиме. А потоа е лесно.И низ најголемите искушенија ќе поминуваме како низ оган кој нема да не гори, оти ќе ги имаме љубовта и мирот во себе. Како вели Достоевски во “Злосторство и казна”:„Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“ И кога веќе го споменав со негова реченица и ќе го завршам писаниево: …Животот — е цела уметност, да се живее – значи од себеси да се направи уметничко дело…

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment