Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : РОДЕНДЕНИ, ЉУБОВ И ЦИГАНИ

РОДЕНДЕНИ, ЉУБОВ И ЦИГАНИ

Знам да си се заиграм.Сама со себе, но и со другите заради сама со себе.Писателите ќе ме разберат.

Можеби нема да скокам банџи- џампинг, можеби нема да возам 200 на саат,можеби и не само можеби, туку навистина сакам стабилност, но ете сакам да си предизвикувам ситуации, а многу често настаните едноставно такви какви што се во Монти-Пајтон стил и ми се случуваат.За потоа да ги напишам.Тоа ми е најлесно, најбезболно и најсигурно. Кое ” педерче” сум м?

Некогаш тие случувања знаат да бидат и поопасни од скокање без падобран, но барем намерата ми е љубовна.

Така решив неколку дена однапред да почнам си го славам роденденот кој воопшто не планирав да го славам.

Прв ден од славењето на љубовта и родендените:

Роденден и е на мојата духовна близначка на која со право и бев лута.Ја сакам, и и се јавувам да и честитам.

– Сега мислев на тебе- ми вели радосно незиниот пушачки длабок глас. -Гледам во телефонот и викам: Ај ма јави ми се да ми честиташ, не ми се лути!

Јас се топам, да си …пиперот, ама држам уште мааалку лутина во вид на воздржана учтивост, а во себе ја гушкам и бакнувам и гмечам.

Втор ден од дозата љубов која реков дека ќе си ја долевам :

Знам да отидам на пазар и да направам сосема неочекуван муабет со пазарџиите.На пример:

-Бамјава ГМО ви е?

И нема врска со прашањето,мислам, бамјата не ми одговори: Да, сум!

но се развива друг муабет:

-Земи си лепојко, тазе набрана(!?!), само за тебе 150 ден. Од работа а?- ме прашува чешит-женичката.- Прво напи си се едно какао, доцна ти е за кафе, па натенане направи си го ручекот.

И јас маѓепсана од дозволата за одмор и нештото “натенане”која секоја жена би го посакала хипнотизирано го купувам.

– Ајде, со здравје да се јаде, 200 ден! – ми вели, а јас се правам дека не го приметувам покачувањето за уште 50 ден, оти мерак ми напраи со муабетот и грижата поради мојот умор.” И тебе алал нека ти се тие 50 си велам со мерак и весело си одам дома.

Трет ден давање љубов:

-Добро утро тато, како си денес? – го прашувам додека сонлив оди накај купатилото. Ме гледа чудно,се насмевнува.- Добар сум, само нека има сонце, ти како си?

Сите сакаме некој искрено да не праша” како си” ама ете”од немукает” забораваме. А колку е тоа љубовно прашање.

Четврти ден доза љубов:

Гледање и длабока анализа на цртаните филмови со внук ми кому му реков дека јас на негови години одев во библиотека и купував книги со бајки. И таму пушуваше за храбрите принцови кои ги спасуваат нежните принцези, по што тој ноншалантно ме погледна и уште помајтапџиски ми одговори:

-Ама ти уште живееш во бајките.

На којашто констатација сите почнавме да вриштиме од смеење.

Вечерта љубовни муабети во инбокс со стари пријателки, корони не се спомнуваат, политика па ич иако додека јас си разговарам како змии лазат лоши вести по мојот фб ѕид.Иш! Цигански работи во циганска држава( нека не ми замерат ромите и борците против дискриминација, оти не мислев на нив, ромите се за “циганиве ‘жива аристократија, патем ги сакам циганите и досега не сум слушнала ниту еден циган за себе да рече дека е ром) .

Еве го и Зевс во инбокс. Со лик на грчки бог, а глас како мед во млеко. Мил е, убав и мами.

-Да живее илузијата, ама јас мора да те видам! – му велам после месеци допишување.

– Светот да се преврти во понеделник се гледаме!- ми вели Зевс.

Петти ден на љубов и родендени!

Каква фрики вечер! Роденден му е на мојата најголема љубов кој сега ми е најдобар другар.На роденденот е и мојата љубов од пред 12 години со кого ме запозна мојата најголема љубов и со кого сме сеуште поврзани со некаков срмен конец. Се грижат за мене и едниот и другиот. Прати ситуација, ми става од виното, дотура во чинијата.Атмосферата е “лав ис ин ди ер” да “лавше не може бити”.Секако додека јас повторно не си долеам доза љубов!

И ете ти на енергетскиот повик се уфрла и Зевс. Ми ѕвони, после десет се чекаме.

Влегувам во неговата лимузина. Бела е секако. А каков може да биде коњ,ако не бел?

– Одиме на Видиковац, доста ми е од кафана- му велам. Зевс џентлменски вади ладен Траминец и кристални чаши и додека го гледаме осветленото Скопје под нас си разговараме за живеачката, се смееме и пак одмор.

Не сме сами, а сами сме. Има тука и други луѓе секој во својот филм. Одеднаш застанува бесна кола полна со млади весели цигани.Излегуваат, музиката трешти, ние почнуваме да се кикотиме.Колку ли им е на нив убаво, секогаш безгрижни, секогаш на небо! Ете затоа ги сакам. На некој начин им завидувам на авантуристичкиот дух. Би сакала да бев некоја страствена циганка ко Касандра со Ранду да речеме. Да јаваме диви коњи по непрегледни ливади и да водиме љубов додека грми и паѓа дожд. Секако тоа никогаш не би го направила во ова тело јер кревет, па удобност, па чиста постела, но да си кажам јас зошто им завидувам.

Пуштив контра музика – Дин Мартин. Игравме јас и Зевс валцер во таа чудна ноќ полна со пијани луѓе и многу светла горе на небото и долу во градот.

Одеднаш тој околу три часот се претвори во Пепелашко и исчезна. Не, не му се претвори лимузината во тиква.Не остави зад себе ниту чевел, ниту мокасинка, ниту боросанка. Најверојатно влечките му беа кај жена му, а мокасините кај девојка му, а кој ли ќе знае.Единственото нешто се претвори во тиква е мојата глава следниот ден, но сполај Му на Бога за концентрацијата сладострастие и есенцијата на волшебство со која ме почести!

Се слушнавме потоа, онака, баш френдовски додека јас се виткав од смеење за настаните од претходната вечер. Неговата приказна за исчезнувањето ја прифатив како 50- те денари покачената бамја на бабата од пазар, оти единственото нешто што ми требаше е Зевс да се претвори во обичен чоек после мојата хировита желба за вино, кристали и валцер во летна ноќ на Водно и ми го направи меракот. Одличен непредвидлив пресврт за предвидливи луѓе ко мене.

Шести ден на љубов и родендени.

Роденденот- мој. Љубовта како да ме напуша како и за секој мој роденден. Необјасниво ми е чувството зошто на секој свој роденден имам чувство на тага во себе. Дали заради минливоста на животот? Дали заради тоашто плановите кои сум ги имала ми паднале во вода, па сега си ги сушам, ама ете нема ни ветре да дувне мајката, малку од малку да се подзасушат. Башка, сум ги ставила на центрифуга изгледа па се изобличиле.

Но… Кога малку подобро ќе разгледам, и сум ги бојадисала. Хм, расположението почнува да ми се поправа гледајќи ги сите тие бои со кои си го обоив животот, зарем не ми е прекрасен!

Се отвора влезната врата и ете ја мојата вечна и безусловна љубов пред мене со цвеќе, подарок и куфери ненајавено вратен од Охрид за да ме изненади. Мојата рожба, мојот син, најскапоцениот Божји подарок стои пред мене со подарок!

– Одиме на вечера? – Прашувам со влажни очи од среќа.

-Одиме! Ама јас те частам Френклин(така ме вика)!

Остатокот од вечерта е вистински празник. Се разделуваме, тој со другарите, а јас одејќи накај дома добивам неочекуван телефонски повик.

Го менувам правецот. Нели посакав да сум дивата Касандра? А што друго ни преостанува освен од циркусов наречен живот да направиме најкреативни перформанси кои засекогаш ќе се паметат, па макар биле и најлуди, секако не повредувајќи се себеси и другите.

Само подради ЧИСТА ЉУБОВ!

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment