Светските медиуми ја пренесуваат веста на украинскиот весник „Правда“, кој објави дека Денис Киреев е убиен во Киев. Тој е еден од украинските преговарачи кои учествуваа на мировните преговори со Русија пред само неколку дена.
The Ukrainian SBU liquidated a member of the Ukrainian negotiating group Denis Kireev. Kireev was killed during detention.
This was reported by the Ukrainian MP Dubinsky. pic.twitter.com/V9PCnS5D5W
— Maria Dubovikova (@politblogme) March 5, 2022
Според „Украинска Правда“, Киреев бил убиен додека украинските безбедносни сили се обидувале да го уапсат под сомнение за предавство.
Извори на правдата наведуваат дека има „силни докази“ дека и дал тајни информации на Русија.
„Украинската безбедносна служба наводно го убила Денис Киреев, член на украинскиот преговарачки тим. Тој наводно бил убиен додека се спротивставувал на апсењето поради сомневање за предавство“, напиша на Твитер новинарот Кристофер Милер.
Во овие докази наводно се вклучени телефонски разговори во кои осомничениот и откривал тајни на спротивната страна.
„Украинската служба за безбедност (СБУ) го застрела и го уби Денис Киреев, член на украинскиот преговарачки тим во првата рунда преговори со Русија во Белорусија, додека се обидуваше да го уапси“, изјави украинскиот парламентарец Олексеј Хончаренко.
„При обидот за приведување на Денис Киреев, член на украинската преговарачка делегација, украинската служба за безбедност пукаше во него и го уби. Тој е осомничен за велепредавство“, напиша Хончаренко на Телеграм.
Според некои извори, тој наводно давал отпор при апсењето.
Киреев беше меѓу членовите на украинската делегација во првата рунда преговори со Русија во Белорусија.
„СБУ имаше јасни докази за велепредавството на Киреев, вклучително и неговите телефонски разговори“, рече Хончаренко, цитирајќи свои извори во политичките кругови.