Свет

ПРАВЕЛЕ ДРОГА И БОМБИ СРЕДЕ ВОЕНАТА ЗОНА: Откриени лаборатории на украинските националисти и турско знаме во близина на Мариупол (ВИДЕО)

Силите на ДНР открија лаборатории за наркотици за украинските националисти во близина на Мариупол.

Изворот наведува и дека турско знаме е пронајдено во близина на Мариупол во работилницата за производство на бомби за дронови на украинските националисти.

– Лабораторијата за производство на супстанци е во близина на Мариупол, тука биле стационирани нацистите. Иста таква е пронајдена и во соседното ослободено село. Не сакам ни да ги допрам со рацете: шприцови, лабораториски шишиња, прашоци, препарати, тука има мал производствен комплекс – објасни репортерот.

Според борецот од единицата на ДНР, „судејќи по кои знамиња се пронајдени – турското знаме, на „Десен сектор“, постојат претпоставки дека се работи за доброволци од Турција. Како што вели тој, можеби порано биле членови на ИСИС кои биле ангажирани на обука на борци на украинскиот про нацистички „Десен сектор“.

Дописникот испрати видео од подземната работилница со муниција и симболи на „Десен сектор“. Украинските радикали направиле бомби кои ги криеле во обични предмети, вклучително и играчки, неколку примери покажа претставник на силите на ДНР.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а некои корисници изразија сомнеж дека лабораторијата припаѓа на турска или украинска организација, но дека е едноставно криминална.

Инаку, споменатите наркотици, вклучително и каптагонот со амфетамин, се исклучително популарни меѓу терористите на Исламската Држава.Припадниците на Исламската Држава(ИСИС) ги користат за да не чувствуваат страв и да го подигнат моралот. На териториите под нивна контрола биле откриени голем број тајни лаборатории кои ги произведувале тие препарати.

Related posts

Leave a Comment