
Ариjанци , така тие се нарекувале себеси , и тоа е забележано во древните индиски Веди и иранските сказки. Териториjата на коjа тие живееле jа нарекувале Ариjаварта – < земjа на Ариjанците>. Имено таму , во Ариjаварта , се создавала културата на Индиjа . Тие се Ариjци – потомци на праславjаните , или нивни блиски роднини….,,
Извадоков е од книгата ,, Потекло на Славjаните . ДНК – генеалогиjа против < Норманската теориjа>. Неjзин автор е советскиот и американски биохемичар , специjалист во областите : полимерни композитни материjали , биомедицина , ензимска катализа , доктор по хемиjа, водечки експерт по ДНК- генеалогиjа – професор А.А. Кљосов.
Во истата книга – научен труд , проф. Кљосов пишува и за периодот околу 2300 години во древноста , кога од ,, некои причини, големи групи славjански народи се упатиле кон Север , кон Балтичкото Море. ,, ( подоцна ; Варjашко или Руско Море ).
Кога ќе се постават во иста линиjа : ДНК – резултатите на проф. Кљосов , историските траги оставени од Птоломеj , Страбон , Херодот , спомените на римскиот генерал Белисарио , преку средновековните летописи ( Несторовите , Jеремиjа Русо ) , иследувањата на Савељев , Классен , академик Сахаров , Задорнов – масовно напуштање на териториjата Балкански( Македонски) Полуостров и поjавата на народот Бодричи околу балтчкиот jужен брег, временски се совпаѓа со поразот и окупациjата на Македонското Царство во Македонско- Римските воjни , после кои илjадници Македонци побарале одалечени , нови места за населување и живот далеку од римскиот геноцид извршен врз Македонците и другите народи кои живееле околу Jонското Море.
Уште еден научник – славистот Егор Классен ; од овоj народ , набркани од острите римски мечеви- гладиуси , самострели – шкорпиjони и специjално обучени ротфаjлери, околу 320 г. пред Христа настанале Македонjаните – народот Бодричи на jужниот дел од Балтичкото Море. Населени биле по долното течение на реката Елба ( Лаби ) се до Балтичкото Море на север , Макленбург и островот Руен ( Руген или Буjан ).
Подоцна ,во соjуз со Љутичите и Приморjаните , Бодричите се сметаат за основачи на градот Берлин ( Мечкина берлога ), а самиот соjуз е растурен и поразен од Карло Велики.
После тоj пораз , синовите на кнезот Гоцлав , коj загинал во заседа поставена од Даните ( Данци ), : Рурик , Трувор и Синеус , во 9 век почнуваат да создаваат друг , северно од земjата на Бодричите – во Новгород, на покана од нивниот дедо по маjчина линиjа ( Умила )- Гостомисл.
Во презентациjата на своjот научен труд ( видеото ) на проф. Кљосов , овие моменти во 14 , 44 минута.
Зоран Курљан
