Дипломатија

Марија Захарова: Жалиме што Скопје непромислено си го жртвува суверенитетот и носи одлуки спротивни на расположението на јавноста и на сопствените интереси

Čím dál Česko zajde, tím víc ho to bude bolet, hrozí Rusko - Novinky.cz

Руското Министерство за надворешни работи реагираше на одлуката на МНР да протера пет руски дипломати, со што практично се блокира работата на амбасадата во Скопје. За Русија, овој потег, кој е најмасовен во низата протерувања на руски дипломати од Скопје, е доказ дека Македонија работи под странски налог, нема веќе суверенитет, и дејствува спротивно на волјата на граѓаните и на своите интереси.

На 28 март, пет дипломати од руската амбасада беа прогласени за персона нон грата. Овој непријателски чекор е продолжување на курсот кон рушење на билатералните односи со Русија што го зазедоа властите на Македонија. Ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки. Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја почна Западот, Скопје уште еднаш ја потврди подготвеноста непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се во спротивност со расположението во јавноста и им противречат на коренитите национални интереси, порача портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

 

Related posts

Leave a Comment