Марцин Бјелски е хроничар, историчар и поет, кој живеел во 16. век. Најпознат е по својот труд насловен „Историја на Светот“, издаден во 1564 година. Тука меѓу другото, тој го поместува и написот за којшто, со извесни измени и отстапувања, повеќе хроничари од словенските средновековни земји, велат дека е всушност препис на – тестаментот на Александар Македонски. Еве како гласи текстот:
„Ние, Александар, син на врховниот бог Јовиша на небото, и Филип кралот македонски на земјата, владетел на светот од изгрејсонце до зајдисонце, од пладне до полноќ, покорител на медиските и персиските кралства, грчки, сириски и вавилонски. Вам, на просветениот род венетски (словјенски), милост, спокој и поздрав од нас и од нашите наследници кои ќе дојдат по нас во владеењето со светот.
Бидејќи ни бевте доследни во вербата, праведни и достојни на зборот и храбри во борбата без отстапување, ви ја доделуваме за навек, земјата од морето на север и ледениот океан, до морето италијанско на југ. Никој да не се осмели да се насели таму, освен вашите поколенија. Ако некој се насели осудете го да биде ваш поданик и слуга, на вашите поколенија за век и навек.
Објавено во Александрија, од нас основана, над славната река Нил, во година 12 од нашето владеење, со милост на големиот бог Јовиша, Марс и божицата Минерва.“
САЊА НОВАКОВИЌ