Македонија

Марш на СДСМ под мотото „Чекориме за правда“ (ЖИВО)

 

СДСМ под партиското мото „Чекориме за правда“ од 18 часот маршира од Собранието до судовите, откако пратениците вчера го изгласаа Законот за јавно обвинителство. Лидерот на СДСМ Зоран Заев сега очекува неселективна правда. Тој маршот го најави во име на европската перспектива, напредокот, развојот и членство во НАТО и Европската Унија. Пред почетокот на маршот, дел од булеварите беа блокирани, а пред судовите беше подигната и бина. Сите овие активности се одвиваа среде сообраќајниот шпиц, што доведе до огромни колони низ улиците во Скопје.

Related posts

Leave a Comment