Среќен сум што учествував денес на инаугурацијата на израелскиот конзул во Фиренца, заедно со амбасадорот Дрор Ејдар и други пријатели на еврејската заедница
Секогаш и засекогаш ќе бидам блиску до синовите на Израел,кои се бедем на демократијата во измачена земја , дури и во овие часови на жалост предизвикана од проектили.
И благодарам на заедницата во Фиренца која даде живот на нов Президиум на слобода, напредок, економски и трговски односи, фундаментални, кога во Европа Израел страда од изолација, во општа тишина,рече Матео Салвини,најпопуларниот италијански политичар,лидер на Лига и доскорешен вицепремиер на Италија.
Неговата денешна поддршка на еврејската држава пропратена со критики до палестинците кои тој индиректно ги обвини за напади со проектили врз израелски цели,индиректно негирајќи ги страотните разурнувања во појасот Газа населен со палестински бегалци од страна на израелската армија во кои имаше десетици загинати и стотици ранети цивили,предизвика лавина реакции на социјалните мрежи низ Италија,како кај неговите поддржувачи така и кај пошироката јавност.Ова е посебно проблематично ако се знае дека Италија важи за една од државите кои традиционално сочуствуваат со палестинската борба.Останува да видиме како денешниот потег на Салвини ќе се одрази врз гласчкото тело во пресрет на се поизвесните предвремени парламентарни избори во Италија.