Свет

ТРАМП : „Тие се обидуваат да ме спречат затоа што се борам за вас. Никогаш нема да го дозволам тоа“(ВИДЕО)

 

Ова е најголемата измама во историјата на американската политика, рече американскиот претседател Доналд Трамп за отворањето на јавното сведочење во истрагата за неговото отповикување.

Во видеото објавено од Белата куќа, Трамп вели дека „Демократите сакаат на Американците да им одземат оружје, здравје, слобода и право на глас“.

„Тие се обидуваат да ме спречат затоа што се борам за вас. Никогаш нема да го дозволам тоа“, додаде тој.

Би-Би-Си пренесува дека Трамп им се обратил на новинарите во Овалната канцеларија за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој изјави дека не го следи сведочењето.

„Премногу сум зафатен за гледање. Тоа е лов на вештерки, тоа е измама. Тука нема ништо“, рече тој.

За потсетување,јавното сведочење започна денес во Претставничкиот дом на САД во рамките на истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп .

Сведочат највисокиот претставник на САД во Украина, Вилијам Тејлор и советникот на американскиот државен секретар Џорџ Кент.

 

 

Related posts

Leave a Comment