Во разговорот со господинот Борис Вишински, ни беше објаснето како тој успеал да ја пронајде и да ја фотокопира книгата “Кралството на Словените” од италијанскиот историчар Мауро Орбини.
Во 80-тите години, кога трагав по податоци за Богомилите низ некои библиотеки, ни рече господинот Вишински, еден италијански пријател -историчар ми посочи неколку книги за тие еретички движења во средниот век.
И бидејќи знаеше дека сум Македонец ме праша дали сум ја прочитал книгата на Мауро Орбини – “Кралството на Словените”. Му реков дека сум чул дека во Белград е издаден само еден дел од таа книга, што се однесува само на Србија. А, бидејќи во книгата е зборува за речиси сите словенски народи, ми сугерираше да ја побарам книгата во оригинална верзија.
Преку некои пријатели, католички великодостојници, успеав да дојдам до оваа книга во Ватиканската библиотека и да ја фотокопирам. И првото што го видов во оваа книга беше азбучниот регистер. Таму, под буквата “М”, првата одредница гласи: “Македонците се Словени”. Затоа што кај Мауро Орбини и кај сите што ги цитира, на територијата на Македонија Македонците се Словени и Словените се Македонци, што значи дека Орбини става знак на еднаквост меѓу Македонците и Словените.
Мауро Орбини е една интересна средновековна личност, живее на меѓата меѓу XVI и XVII век. Тој е познат патописец, историчар, а некои го сметаат и за татко на панславизмот.Роден е во Дубровник, живее и работи во Италија. Во своите историски истражувања бил смел, се потпирал врз факти и заклучоците што ги донесувал биле во служба на словенството. Тој длабоко навлегол во историјата на Словените, се разбира, колку што му овозможувало неговото време. Некаде тој има нејасни обележја, а многу работи и не можел да ги согледа. Меѓутоа, сето ова не го кажувам за да пресудувам како некој историчар, туку да изнесам само неколку страници од тоа прекрасно дело наречено “Кралството на Словените”. Таа книга е многу ретка и ми дојде до рака да ја видам и да ја фотокопирам во Ватиканската библиотека, есента 1990 година. Книгата на Орбини има преку петстотини страници во голем формат. Објавена е 1601 година во Пезаро. Во неа тој дава широк поглед врз развитокот на словенските народи, со посебен дел за Јужните Словени.
Во книгата “Кралството на Словените” посебно ме привлече еден дел кој сакам да го цитирам, а на читателот му го оставам впечатокот. Тој дел буди размисла на нешто, што духовите ги вознемирувало пред четиристотини години, а тој немир постои и денес, кога некои кругови во странство се обидуваат да пласираат невистини дека, на пример, старите Македонци биле Грци и слично.
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И СЛОВЕНИТЕ
Делот од книгата се однесува на Александар Македонски и Словените. Да, и Словените. Навистина, Орбини како автор, не е осамен во таа смисла, но ќе се види дека е оригинален. Кога сме кај оваа тема, нашите историчари стриктно се оградуваат од една таква споредба, повеќе отколку нивните колеги во светот и затоа, секој оној што ќе ги начне овие прашања или е наивен, или е романтичар или е мистификатор. Но, да го оставиме тоа. Тука не сакам ништо да докажувам, за што немам таква амбиција, туку интегрално да ја приопштам за нашата јавност Привилегијата, што Александар Македонски им ја дава на Словените, како благодарност што учествувале во неговите борби и освојувања.
Книгата “Кралството на Словените” е пишувана на постар италијански јазик. За да може подобро да се долови автентичноста на текстот, го замолив Аугусто Фонсека, италијански поет и лектор по италијански јазик на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, инаку одличен познавач и на македонскиот јазик, да го преведе тој дел, од 168 до 171 страница од книгата.
Орбини, во книгата вели:
“Оваа Привилегија, како што рековме, беше пронајдена по толку векови во Цариград од некојси Џулио Балдасар, царски секретар. Значи, името што овде се спомнува – Словени, Апијан Александриски во “Илирикум”, овие Агријани ги нарекува прочуени и прославени, а токму тоа го означува зборот “Слави”, односно “Словени”.
Градот Агрија, кој се наоѓа во Дакија, бил основан ( според Бонфинијо во 1 кн. на 1 Дек.) од овие Агријани, кои живеле ( според Стефан Византиски ) во пределите меѓу планините Емос и Родопите, во близина на Македонија. А таа, пак, непрекинато била населена од словенскиот род и од дојденци од Тир , иако некои сметале дека Македонците и припаѓаат на средината на Грците. Против нив го донесувам мислењето на Стефан Византиски за Александар Македонски , којшто мошне јасно го разликува јазикот на Македонците од говорот на Грците. Од тоа, пак, јасно може да се види дека македонскиот говор не можеше да биде сфатен од сите учесници во александровата војска, зашто голем дел од неа биле Грци. И навистина, кога на Филота, син на Парменион, кој пред толпа луѓе имал некоја своја работа да образложи, Александар му рекол: “Македонците, о Филота, ќе те осудат; затоа те прашувам дали ним ќе им се обратиш на својот мајчин јазик”, а Филота одбил тоа да го направи, бидејќи не би го разбрале сите. Тогаш Александар изјавил дека Филота го мрази својот мајчин јазик.
МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ
Да биле, значи, Македонците Грци, зошто Филота би се откажал да зборува на грчки пред Грците? А уште повеќе со оглед на тоа дека тој немал посоодветен јазик од грчкиот, ако се претпоставува дека Македонците биле Грци. Затоа што ( како тоа го вели Плиниј, кн. VII, глава 57 ) пасивната согласност на луѓето била првата причина за употреба на јонската писменост. Значи, мајчиниот јазик на Македонците, кој се разликува од оној што ние мислиме дека бил општ во целата александрова војска, јасно покажува дека Македонците не им припаѓаат на Грците; како што е познато, од старото единство на јазикот, лесно се потврдува и единството на народноста. Според тоа, при разграничувањето на јазиците на Немброт, ни еден автор не утврди ништо спротивно; Грците не се доближуваат со својот јазик до Македонците; а ние достаточно покажавме, врз основа на самата разлика на јазиците, дека Македонците не се Грци; тогаш, врз основа на зборовите на Филип од Бергамо, мораме да признаеме дека Македонците од секогаш, па се до денес, имаат словенски јазик. Па што ќе помислите за Тукидид, кој сврзувајќи ги Византија и Пула, голем дел од Тракија и од Мезија, а и целиот Илирикум, сите овие земји ги нарекува Македонија? Тоа е исто како да рекол: јас сметам дека Тракија, Мезија и Илирикум не смеат да се разделат од Македонците. Затоа, не се сомневам дека Траките, Мезите и Илирите ги врзува една иста врска за Македонците. За тоа сведочи и титулата на Александар Македонски, со која се покажува како Крал на Македонците и на Грците, а уште повеќе сведочат основните разлики на обичаите и на живеењето присутни кај Македонците и Грците, кои не ми овозможуваат лесно да се убедам дека кај луѓе од еден ист род се наоѓаат толку различни обичаи. Затоа, кога Диосип од Атина морал да се бори гради в гради против Македонецот Хората, сред војниците на Александар, според кажувањето на К. Куртиус, имало некои Грци кои навивале за Диосип; меѓутоа, зошто на ист начин не настапиле во однос на Македонецот Хората, ако Македонците биле Грци, како што Грците навивале за Диосип, само затоа што бил Грк? Поради тоа, ако понекогаш, пред се кај Варварите, се вели дека Александар Македонски бил Грк, тоа треба да се сфати како последица на тоа дека Грците, поради нивните дамнешни војни против народите од Исток, им биле најпознатиот народ од Европа; заради тоа, тие сметале дека сите народи на Запад се Грци; нешто слично на тоа, што се случува во наше време, е кога Грците заедно со Турците и сите други народи од Исток, сметаат дека сите народи со католичка вероисповед се Франки. Јеремија Русо во “Летописите на Московија” јасно кажува дека Русите, односно Московјаните, имале еден ист јазик како старите Македонци; а меѓу нив се родил Кралот Филип, таткото на Александар Македонски, кој ( како што ни пренесуваат Плутарх во “Животот на Александар”, Јустин во VIII книга и Сабелик во III книга на “Енеида”, па и уште многу други ) најсилните градови на Грција ги потчинил на неговите закони и на ропство ја дотерал Грција ( која до тогаш имала слобода ), па со своите славни дела достигнал до висината на најславните кралеви. Неговиот син Александар Македонски се протегал се до границите на земјината топка ( како што тоа стои во Првата книга на Макавеите, глава прва ), им ги зел богатствата на многубројни луѓе, па и самата земја пред него онемела. И по смртта на Александар, Македонците ја имале владата, како и над сите народи на светот, исто така 276 години и над Египтјаните” -вели Мауро Орбини.
Од книгата “Кралството на Словените” од Мауро Орбини, објавена 1601 година, во Пезаро, стр. 168-171.
У једној цариградској библиотеци очувана је повеља о привилегијама које је Александар Велики, дванаесте године своје владе, поделио Илирима, односно ”племенитом роду Словена”. То постаје сасвим разумљиво ако узмемо у обзир да су Македонци Александра Великог били заправо Словени, говорили истим језиком којим и данас говоре становници Македоније. Уопште, Македонци, Трачани и Мези говоре истим, словенским језиком. Александра Великог многи сматрају Грком, али неоправдано. Разлог тој заблуди јесте у томе што су Грци, борећи се са народима Истока, били најпознатији народ тадашње Европе, исто као што данас Грци и Турци верују да су сви европски католички народи Французи. Међутим, Московски анали изричито потврђују да су Руси, односно Московити, били истог језика као и антички Македонци, који су, поред осталих земаља, владали Египтом 276година.