Свет

МВР на Украина: Медведчук избега од домашен притвор

КИЕВ – Украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук избегал од домашен притвор, изјави денеска советникот во Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко. „Немам потврда за оваа информација“, изјави портпаролот на Медведчук, пренесува Ројтерс.

Лидерот на украинската „Опозициска платформа – доживотно“ од минатата година е во домашен притвор откако украинските власти поведоа постапка против него, обвинувајќи го за предавство, потсети британската агенција.

Медведчук ги негираше наводите за кои е обвинет. Тој важи за близок пријател на рускиот претседател, а истовремено беше близок со кругови на Донбаските републики.

Related posts

Leave a Comment