Свет

МЕДВЕДЕВ: Само договор со Русија може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина

Безбедносни гаранции за Украина може да се обезбедат само со договор со Русија, но украинските власти ја отфрлија таа можност, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Само договор со Русија може да обезбеди безбедносни гаранции. Но, украинската влада, стимулирана од западните пари и проектили, го отфрли тоа, напиша Медведев на Телеграм.

Тој смета дека Киев разбира дека за него нема и не може да има безбедносни гаранции, дури ни од САД, и оценува дека САД, како што наведе, „се затрупани егоисти и работат само за себе“, пренесува РИА Новости. Медведев оценува дека безбедносни гаранции не можат да му дадат на Киев ниту од соседите.

Никој нема да ја прими Украина во НАТО, иако во Алијансата има русофоби, но нема самоубиства, додаде Медведев. Претходно, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека првиот документ за меѓународни безбедносни гаранции за Украина би можел да се појави на 29 или 30 август.Јермак, по состанокот со советниците на претседателите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Унгарија, рече дека работата на тој документ е во тек, пренесе Униан.

Related posts

Leave a Comment