Македонија

Метју Палмер во ,,ненајавена” средба со Димитров, Шекеринска и Пендаровски

Палмер за два часа ќе ги сврти Димитров, Шекеринска и Пендаровски

 

Специјалниот пратеник на САД за Балканот, Метју Палмер ќе има ненајавена посета на Македонија.

Палмер пред американскиот Сенат минатата недела ја критикуваше одлуката на Европскиот соевт да не додели датум за почеток на преговорите со Македонија.

„Одлуката на Европскиот совет да не и` даде на Северна Македонија датум за почеток на преговори, претставува ризик за натамошна имплементација на Договорот од Преспа, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер, на  сослушувањето во Сенатот за иднината на Западен Балкан.

Тoj во само еден час ќе има средба со државниот врв. Најпрво во министерството за одбрана ќе се сретне со Радмила Шекеринска каде според најавите ќе се разговара за евроатланската иднина на земјава и членството во НАТО.

Оттаму Палмер оди кај шефот на димоматијата Димитров, а посетата ќе ја заврши со средба со претседателот Пендаровски.

Од ниту една од средбите не се најавени соопштенија.

 

Related posts

Leave a Comment