КолумниНаука

Милена Николиќ Симоновска: Глобално затоплувањe – најголемата измама на современото време

Глобалното затоплување е познат рефрен на современото време. Мантра која ја слушаме од сите страни поврзана со сите можни теми ; пари , индустрии , прехрана, транспорт, просвета итн. Идејата е дека човекот со своето делување создава услови за Глобално затоплување, а со тоа станува непријател на животната средина и на себе. За тоа да се спречи низ светот се воведуваат разни рестриктивни закони и правила.

Но да се вратиме некој чекор назад и да го провериме овој современ мит од самиот почеток. Повеќе преку податоци а помалку преку мантра.

Проф.Др. Фред Голдберг , од Кралскиот универзитет во Шведска е најрелевантен научник, практичар и истражувач во светот со огромно познавање на оваа тема. Бил дел од многу научни експедиции и има огромно познавање од Аркрикот и Антарктикот. Заедно со голем број научници од целиот свет организирал Научни семинари и Конференции каде што го презентирал своето знаење и претставил реална слика за Климата и Климатските промени.

Нема достапен опис

Во 2005 Шведска воведува данок на производство на CO2. Тоа не била логична одлука бидејќи тие не произведуваат струја со помош на јаглен или нафта. Користат нуклеарна или хидроенергија. Од таму Фред Голдберг започнува со преиспитување на одлуката и наидува на многу причини за сомнеж во таквата одлука, но не само за таа одлука туку и воопшто за расправите околу климатските промени. На конференција во Кралскиот Институт, шведски претставник на ЕУ за Климатски прашања одржал говор , по кој бил предизвикан со конкретни прашања од Проф.Др.Фред Голдберг, а следувале комплетно неточни одговори. Најтрагично е што претставникот не ни знаел дека одговорите му биле неточни. Директорот на Универзитетот бил затечен и прилично изненаден по што се создала идејата за организирање на Интернационален меѓународен семинар за Климатски промени. Истиот бил одржан и во него учествувале 110 учесници од целиот свет. Дванаесет од нив биле најистакнати климатски истражувачи од САД, Австралија и Европа. Тие одржале предавања. Учествувале стручни лица од областа на астрофизика , океанографија, атмосферска физика, хемија итн. Биле споделени основите во многу научни дисциплини и опфатени темите за CO2 , UV светлината, озон , плазма – теми содржани во Климатологијата како наука.

По тоа следувале покани во Шведскиот и Европскиот парламент каде што Фред Голдберг одржал предавања за климата.

IPCC (Меѓународно тело за Климатски промени кое делува во склоп на ОН) , секои 6 или 7 години излегуваат со публикации. Една таква публикација од 2001 објави крива на движења на температурите за последните 1000 години. До пред 100 години кривата била на приближно иста позиција а потоа наеднаш , нагло се искачува нагоре заради што овој приказ на температурите се нарекува “Хокејски стап”.

Зошто не било прикажано средновековното затоплување и викиншката доба на тој приказ? – било основното прашање кое предизвикало вознемиреност.

Зошто не била прикажана малата ледена доба која започнала во втората половина на 17. век а траела се до почетокот на 20. век ?

Зошто на приказот “Хокејски стап” не биле прикажани меѓупериодите на заладување?

Овој приказ на кривата воопшто не е точен. Стивен Мекинтаер и Рос Мекитрик докажаа дека кривата е измама и се служела со манипулација во методите за да се пополнат празнините кои би ја прикажале реалната крива.

Фамозната изјава дека CO2 e причина за Глобално затоплување паѓа во вода.

Првите мерења на CO2 се случиле во Франција во средината на 80те г.од 19.век. Мерењата се изведувале со користење на специфични хемикалии. Во архивите со податоци постојат неколку стотици изведени мерења. Во 1957 г., Килинг развил поинаква технологија за мерење која се заснова на инфра-црвен детектор, метода која нуди можност за попрецизни резултати и била полесна за користење. На почетокот на 20ти век шведскиот хемичар Сванте Арениус дошол до заклучок дека со индустријализацијата и согорувањето на нафта и јаглен , нивото на јаглеродниот диоксид во атмосверата се зголемува.Дошол до откритие дека тоа го создава ефектот на стаклена градина. Направил неколку експерименти и дошол до одредени резултати ; дека ако се удвостручи нивото на јаглероден диоксид во атмосверата настанува ефект стаклена градина од 5° Целзиусови. Во тоа време , тоа бил алармантен податок. Неговото откритие било заборавено па повторно актуелизирано во почетокот на 80тите. Неговите експерименти биле повторени од страна на колега на Голдберг , кој дошол до следниве сознанија ; да ги извел Арениус правилно мерењата ,ефектот на стаклена градина би бил 0.22°Целзиусови.

Каде згрешил Арениус? Тој не испитувал сув , туку влажен воздух. А влажноста е многу битен односно клучен фактор во управувањето со климата. Водената пареа предизвикува моќен ефект на стаклена градина.

Ако се вратиме 4 милијарди години назад 80% од земјината атмосвера се состоела од јаглероден диоксид. Сите карпи кои се околу нас во себе го имаат впиено јаглеродниот диоксид од атмосверата. Низ годините тој се впива во океаните каде што се таложи на дното во вид на варовник. Со поместувањето на тектонските плочи , се движат и овие наслаги.

4 милијарди години нивото на јаглероден диоксид во атмосверата константно опаѓа. Денес зборуваме за 395 делови на милион. Се приближуваме до критична точка до која доколку се дојде нема да биде возможен живот на планетата. Границата за минимум доволна количина на јаглероден диоксид во атмосверата е 220 делови на милион. Ако падне под оваа граница, растенијата нема да можат да го извршуваат процесот на фотосинтеза а со тоа животот на планетата би исчезнал. Најстарите податоци кои ги има видено Голдберг се од пред 12.000 години.
Додека го извршуваат процесот на фотосинтеза , билките го примаат јаглеродниот диоксид преку стоматити кои се наоѓаат на површината на листовите. Колку повеќе јаглероден диоксид има во атмосферата толку помалку стоматитски клетки имаат билките на листовите. Ако има малку јаглероден диоксид во атмосферата , има повеќе стоматити на листовите на растенијата. Тоа се утврдува преку проучување на фосилизирани билки. На тој начин се добива кривата која ја бараме и која најпрецизно може да ни ја покаже количината на јаглероден диоксид во атмосферата во годините после последното ледено доба.

Кога климата е потопла, во атмосферата има повеќе јаглероден диоксид. Ако климата е постудена како во текот на малото ледено доба, има помалку јаглероден диоксид.

Зголемувањето на јаглеродниот диоксид во атмосферата е последица а не причина за затоплување.

Ако водата во океаните е студена , ќе се апсорбира поголема количина CO2. Ако водата е топла, јаглеродниот диоксид ќе премине во атмосферата.

На пример , минерална вода. Кога се произведува температурата на водата треба да биде 5 степени. Во фабриките јаглеродниот диоксид се пушта низ водата , водата со 5 степени Целзиусови веднаш ја апсорбира.

За време на кружењето на јаглеродниот диоксид низ атмосферата , сонцето ги загрева океаните околу Екваторот за околу 18 степени. Тогаш водата испарува под влијание на сончевата топлина и ослободува CO2.

Јаглеродниот диоксид се ослободува во атмосферата заради затоплување на океаните. Ветровите го носат кон север и југ. Кога ќе дојде во допир со ладните води на Северниот Атлантик и Пацификот , па околу Антарктикот , CO2 повторно се апсорбира во океан. Значи постои постојан циклус на кружење на јаглеродниот диоксид. И тоа зборуваме за 90 гигатони CO2 кој секоја година кружи во природата а тоа е сосема доволно.
Оние кои се бават со оваа проблематика особено метеоролозите од некои причини не укажуваат дека разбираат што се случува. То текот на образувањето очигледно не ги учат вистинските причини. На Тихиот океан владее шеесетгодишен циклус. Станува збор за струја која се вика Пацифичка Декадна Осцилација (PDO). Тоа значи дека на Северната полутопка, поточно над Екваторот, во Тихиот океан кружи веќе 30 години во насока на стреклата од часовникот и е негативна. Потоа го менува правецот, обратно од стрелка на часовникот и следните 30 години станува позитивна.

На Арткикот ледот не се топи затоа што е климата потопла. Сонцето не го топи ледот значително, туку топлите води. Во периодот од 1977 до 2008 низ Беринговиот премин во Арктичкиот океан надошла топла вода затоа што PDO била позитивна. Со тоа количината на ледот започнала да се намалува. Тој период се поклопува со сателитските набљудувања кои го покажуваат намалувањето на ледот. Сателитските набљудувања започнале во 1979 што точно се поклопува со влијанието на PDO. Во 2008 PDO го менува својот правец и една година после тоа ледениот покрив на Арктичкиот океан достигнал дебелина поголема за еден метар од оној во 2007. Тој и понатака се зголемува , освен 2013 кога на Тихиот океан настана Ел Нино заради што количината на ледот повторно почна да се намалува. Во 2007 имаше многу малку ледена прекривка. Кога се набљудува од сателит , научниците гледаат до каде се протега ледот на отворено море , но не анализираат колку е дебел ледот под површината. Значи во 2007 на Арктикот имаше многу повеќе лед од колку што тврдеа. И тоа затоа што силните ветрови и морски струи го поместија кон Гренланд и Канада. Тогаш ледот достигна дебелина за два пати поголема од дотогашната.

Тоа го потврди шведскиот ледокршач кој се движел северно од Гренланд и кој многу тешко се пробивал низ ледот. Шведскиот ледокршач Оден бил на северниот пол 4-5 пати и никогаш не се пробивал тешко. Но во 2007 тешко се пробил низ ледот.

Таа година Голдберг бил на островот Свалбард. Направил видео интервју со капетанот на бродот на кој се наоѓал Оден . Капетанот објаснил со какви потешкотии се сретнал при пробивањето затоа што имало дебел лед. Следниот ден, Голдберг го дал материјалот на Шведската национална телевизија . Биле емитувани запрепастувачките фотографии но не и интервјуто со капетанот во кое тој објаснува какви проблеми имале со зголемената количина на лед. Само сакаат да повторуваат како Арктичкиот лед исчезнува. Како да не смеат да дозволат луѓето да помислат дека има многу лед, што е вистина. Има толку многу погрешни податоци во врска со Арктичкиот лед. Целта е да ги престрашат луѓето и да ги уверат дека тие се криви за климатските промени и топење на ледот, што не е вистина.

Вака стојат работите : Ако изјавите дека луѓето се виновни за климатски промени, а сте научник, ќе добиете доста при за истражувања кои треба да немаат врска со вистината. На пример, на Антарктикот , научници од руската база пробушија лед до самото дно. Лед кој се создавал 6000 години. Со помош на изотоп кислород 018 може да се види колкава била температурата кога на Антарктикот паѓал снег.

Видливи се ледени доба , меѓу ледените раздобја и конкретните температури. Интересно е што во текот на 3 претходни меѓуледени раздобја 400 000 години наназад , глобалната температура била неколку степени повисока од денешната.

Ова што се случува денес не е ништо поразлично од тоа што се случувало некогаш. Голдберг ги прашал стручњаците зошто е тоа така, зошто во меѓуледените раздобја температурите биле повисоки од денес. Не му одговориле затоа што не знаат.

Се е поврзано со сонцето и неговите влијанија.

 

Климатските промени се случуваат, но не ги предизвикуваат луѓето – тоа се природни процеси.

Зошто се природни ? Ајде да ги разгледаме основите значења на јаглеродниот диоксид. Се знае доволно за неговите хемиски карактеристики и ако не се игнорираат неговите основни својства ќе видиме дека тој апсорбира многу мал дел од инфрацрвениот спектар – од 4,2 до 14 до 16 микрони, тоа е доста тесен дел од спектарот. А водената пареа впива многу поширок појас долж спектарот. Просечната количина на водена пареа во атмосферата изнесува 30.000 делови на милион, а на CO2 – 395 на милион. Сто пати повеќе има водена пареа. Ако ги земеме во предвид својствата на впивање ќе видиме многу јасно дека во ефектот на стаклена градина CO2 има удел од само 1%. Влијанието на водената пареа во создавање на ефект на стаклена градина е 95% од вкупниот. Тоа значи дека количината на CO2 која ја емитува човекот нема ни мерливо влијание. Количината на CO2 во атмосферата која има учество во создавањето на ефект на стаклена градина изнесува 1%. CO2 настанат како резултат од согорувањето на фосилните горива опфаќа 4% од вкупната количина.
Што значи дека влијанието од страна на човекот на климата изнесува 4% од вкупниот 1% што е толку мал број што не може ни да се измери.
Уште два факти треба да се земат во предвид. Првиот е ефектот на сатурација. Кога би ја удвостручиле количината на CO2 во атмосферата, што е физички невозможно зошто не постои толку јаглен или нафта, но еве и да имаме поголемиот дел би се апсорбирал во океаните. И да се случи тоа , температурата би се зголемила за 0,1 или 0,2 C°. Ефектот на стаклена градина не е линеарен во однос на количината на гас. Станува збор за логаритамска крива која забрзано стагнира.
Јаглеродниот диоксид воопшто не придонесува за ефектот на стаклена градина. Овој факт го заобиколуваат научниците во склоп на IPCC. Исто така не се споменува уште еден факт чиј дијаграм Фред Голдберг не успеал да го пронајде па морал самиот да го направи. Станува збор за својството на растворливост на јаглеродниот диоксид во вода, а тоа зависи од температурата на водата. Ако водата има 5 C° ќе се растворат 3 грама CO2 , во чиста вода. Ако температурата на водата е 25° ќе се раствори половина од тоа – 1.5 грама. Океаните апсорбираат и испуштаат големи количини на CO2 со промените на годишните времиња. Освен тоа во последните 100 години заради зголемената сончева активност температурата на океаните се зголеми за 1% .
Заради ова покачување на температурата јаглеродниот диоксид премина во атмосферата така што неговата количина се зголеми од 290 колкава што била пред 100 години на 395 колку што е денес. И тоа не е човекот туку зголемената температура на океаните.
Кога исчезнале сончевите пеги во 17 вeк настанало т.н мало ледено доба. Просто е неверојатно колку малку се спомнува сонцето во контекст на климатските промени. Сонцето ја контролира климата. Се останато се само погрешни претпоставки. Сонцето е темел на се, но не само тоа. На него се наоѓаат сончеви пеги. Нивниот број е многу важен во однос на активноста на сонцето. Тие се сведоци за соларната активност. Кога сончевата активност е голема има многу сончеви пеги што значи дека има и многу силен сончев ветер, а тоа подразбира електромагнетно струење на честици кои доаѓаат до земјата. Кога сонцето е многу активно се зајакнува магнетосферата на земјата. А кога има силна магнетосфера се одбива космичкото зрачење кое настанува со експлозии на ѕвезди длабоко во вселената.
Магнетосферата штити од тоа зрачење.Ќе имаме помалку облаци. А кога сонцето има послаба активност , космичкото зрачење продира во атмосферата и ја зголемува количината на облаци. Облаците ја блокираат сончевата светлина и така се лади Земјата.Ова е многу важен регулатор кој управува со климата. Кога е потопло имаме поголема влажност и се создаваат повеќе облаци кои пак придонесуваат за ладење на земјата па влажноста опаѓа. И така тие циклуси се повторуваат а сонцето е контролниот механизам.

Значи, многу е важно колку облаци има во атмосферата. Ако количината на облаци се зголеми за 1% , температурата на земјата ќе падне за 1°глобално. И обратно . Ако количината на облаци се намали , ќе имаме повисока температура. Ако количината на облаци се зголеми за 4% тогаш настанува ледено доба. Не очекува истото сценарио како тоа во втората половина на 17ти век, односно мало ледено доба. Следните 25-30 години ќе бидеме сведоци на опаѓање на температурите – поради две причини ; една е тоа што се намали сончевата активност а другата е тоа што PDO во Тихиот океан е негативен и веќе не носи топли води кон Арктикот со што ледот ќе биде зголемен и северната полутопка ќе се лади. Зимите стануваа и ќе стануваат се постудени освен ако се појави Ел Нино ефектот но тоа би се однесувало на Источна Европа , не и на другите делови од светот. Заради заладувањата кои ќе следат ќе се намали производството на храна. Политичарите треба да се заминаваат со складирање на резерви храна а не да се бават со ниво на јаглероден диоксид. А што повеќе јаглероден диоксид има во атмосферата толку повеќе ќе растат растенијата од кои зависи нашиот живот. На билките им треба 3 пати повеќе CO2 од она што го имаат сега.

Кривата на глобалната температура се движи нагоре и надоле. Ако почнеме од 1880 кривата паѓа се до 1910. Потоа расте до 1940 кога земјата почна прилично да се загрева за што придонесе и PDO. Но потоа следуваше мало ледено доба кое траеше до 1977. Во часописот Тајмс беа објавени статии за ледено доба кое требало да се случи за што се правеа посебни предупредувања и прогнози. Но со вртењето на PDO во обратна насока и неговата позитивна вредност започна ново затоплување. Очигледно има повеќе начини на кои научниците заработуваат. Температурата се зголемуваше се до 2008. Истите тие научници сега повторно тврдат дека ќе следува глобално затоплување. Но PDO во 2008 го промени својот правец. Сончевиот максимум го достигна врвот во 2002. Од 2002 наваму нема глобално загревање и температурата полека опаѓа.
Фред Голдберг ги прашал стручните како може да нема глобално затоплување после 2002 кога луѓето ослободија 450 милијарди тони јаглероден диоксид?? Одговорот не им одел од рака баш..
Многу им бил важно да се напоменуваст како температурната крива во 80те и 90те нагло растела. Но таа крива има 3 различни грешки.

Со распаѓањето на Советскиот Сојуз повеќето Метеоролошки станици во студените предели на Сибир беа затворени. Бројот на метеоролошки станици во студените предели значително опаднал во однос на оние во топлите предели. Со тоа просечната температура која се пресметува нагло се зголемила. Тоа е првата и основна грешка. Следната се однесува на влијанието на урбаниот начин на живот. Метеоролошките станици се поставуваа во близина на големите градови или во нив. Влијанието на урбаниот живот тешко се пресметува и не е земен во предвид. Тој се менува во зависност од годишните времиња, во зависност од промената на должината на денот и ноќта, од правецот и брзината на ветрот.Урбаното влијание постојано се менува. На пример , Фред Голдберг живее 10км од средиштето на Стокхолм. Во автомобилот има термометар кој ја покажува надворешната температура. Наутро кога излегува покажува 2°C. Со приближување во центарот на градот (оддалеченост 10км) се менува во 4°C. Тоа е урбаното влијание. Но постојат и други фактори. На пример 90% од мерните станици се на копно. Но копното е 30% од вкупната површина на земјата. Најпрецизна вредност се добива преку мерења со помош на сателит. Сателитите ја скенираат површината на земјата и ја постојано ја бележат температурата.

Но податоцитоже со сателитски мерења постојат до 1979. Значи наглиот раст на температурите по 1980та и тоа како има врска со отсуството на сателитските мерења на глобалната температура на земјата. Во своето предавање на Интернационалниот меѓународен семинар за климатски промени , Фред Голдберг посочува преку снимки дека 54% од мерните станици се на погрешна позиција.Повеќето се наоѓаат на аеродроми. На аеродром не може да се измери објективната вредност. Асфалтот се загрева многу повеќе од други места. Тука е и влијанието на гасовите кои ги испуштаат авионите. Сето ова укажува на сериозноста на мерењето на температурите, воопшто не е едноставно. Доколку се сеќавате на премиерот на Шведска, Олоф Палме кој беше убиен 1986 , имаше познато интервју во 1976. Беше прашан како ќе изгледа светот за 25 години. Палме дал неколку интересни и конкретни одговори.Рекол дека во 2000та најголема закана ќе биде глобалното затоплување. Тоа е изненадувачки одговор зошто до тогаш никој немаше слушнато за тоа, бидејќи затоплувањето започна една година по интервјуто , во 1977 со промената на правецот на PDO. Па до тогаш се зборуваше само за паѓањето на температурите. Но Палме играше тенис со основачот на IPCC , меѓудругото професор по метеорологија. Палме беше очаен за пронаоѓање на нов даночен извор.

Болин му предложил да водеде данок на ослободување на јаглероден диоксид. А така можете да го надгледувате и движењето на луѓето и конечно да управувате со светот , ако ви е желба. Тогаш започнале со промовирање на идејата дека луѓето влијаат на климата, дека го уништуваат светот со испуштање на CO2. Започнаа со промовирање на идејата за намалување на емисијата на CO2. И да, секогаш постојат победници и губитници. Губитници се обичните луѓе кои мораат да плаќаат данок за емитување на јаглероден диоксид. А победници се оние кои се бават со трговија со јаглен. До јаглен се доаѓа преку пазарот. На пример ако САД започне со трговија со јаглен би се остварувал промет од 600 милијарди долари. Финансиерите би добиле 2% односно во џеб – 12 милијарди долари. Но американскиот отпор сака да воведе данок на CO2 за да финансиерите не добијат ништо.Околу тоа е главната борба.Освен тоа во последните 10 години САД потрошија околу 100 милијарди долари за истражување на климатски промени.Тоа се многу пари кои ги добиваат само поединци. Помеѓу нив има научници кои се спремни да кажат било што за да ги уверат политичарите да им дадат финансии. Постојат интересни и квалитетни проекти како пловечкиот “Аргос” поставен на Тихиот океан. Постојат 3500 такви конструкти и тоа 700 метри под површината на океаните. Еднаш месечно излегуваат на површината и ја мерат температурата. Ги испраќаат податоците па повторно се спуштаат на 700 метри под океаните. Премногу се скапи и собираат податоци за вкупниот специфичен топлински капацитет на океаните.Резултатите покажуваат дека температурата на површината полека паѓа а вредноста на топлината стагнира.Претходно се зголемувала а сега полека се намалува. Тоа јасно покажува дека се приближуваме кон период на сериозно заладување.
Но политичарите ја сакаат оваа пеоблематика и би направиле се за да земат пари на сметка на CO2. На средбата на Фред Голдберг со тогашната шведска Министерка за Животна средина Леном Ек, и кажал дека Шведска емитува 50 милиони тони CO2 во кои се опфатени и греењето и прометот. А сите луѓе на светот издишуваат 3500 милиони тони јаглероден диоксид. Ја прашал дали мисли дека со намалувањето на емисијата на CO2 за 10, 20 или 30% ќе влијае на промената на климатските услови на што таа одговори “Да, апсолутно..!” Тоа укажува само на два факти : или е глупава или крајно нечесна – единствени 2 категории.

Трагично е што политичарите не се држат до основните научни факти. Едноставно ги лажат луѓето за да им ги зимаат парите. А ќе забележите и многу научници кои кога веќе одат во пензија, тогаш почнуваат да звучат поинаку , затоа што и немаат што да изгубат. Искрени новинари кои пишуваат фантастични издржани статии остануваат без работа ако се осудат да го објават. Пријател на Голдберг, хемичар спремал некаков проект за кој му биле потребни многу средства – 1 милион долари, но не можел да дојде до нив. Го прашале дали ја навел во барањето темата клима? Потоа направил ново барање и корегиран проект во кој на неколку места се спомнува климата за да се добие на важност.Тогаш ги добил средствата. Лажете и добивате пари , не е лошо нели? Малкумина се оние храбрите кои ќе ја кажат вистината за оваа проблематика, барем не додека не отидат во пензија.

Уште еден пријател на Голдберг , соларен физичар и многу интересен човек и професор на своите студенти им советувал да не се бават со климатологија затоа што нема да можат да бидат искрени.Па ги усмерувал во други правци за да не се бават со овој циркус.

Совршен пример е Европска унија. Трошат многу пари на истражувања за Климатски промени. Станува збор за бирократи од Брисел. Не се избрани на демократски начин и се склони кон левицата , затоа што климатскиот алармизам го повлече левичарска струја. Даваат стотици милиони долари на невладини организации за тие да ја водат пропагандата за климатски промени. Тврдат дека поларните мечки се загрозени, а не се. Во 2013 никогаш немало повеќе поларни мечки на Арктикот.
Ситуацијата е премногу тажна. Затоа и толкава одбивност се создава спрема Европската унија. Бирократи носат одлуки. Тие се тие кои донесоа одлука дека ниту едно возило не смее да емитува повеќе од 119 грама CO2. Затоа Шведската автомобилска индуструја исчезнува.Сааб исчезна , тоа што преостана од Волво го превземаа кинезите. Луѓето се повеќе се против Европскта унија. Иако според Голдберг , Европската унија можеби е добар концепт , сепак е злоупотребена и е причина за загуба на огромни пари наменети за Климатско истражување , со нерелевантни податоци само за остварување на амбициите и плановите на одредени луѓе кои таму гледаат можност за огромен профит и контрола врз човештвото.

Корисни линкови:

Линк1

Линк2

Милена Николиќ Симоновска

Можно е да е слика од Milena Nikolic Simonovska и се смее

Related posts

Leave a Comment