Колумни

Милена Николиќ Симоновска: Парадигмата на стравот и погрешните уверувања

What Does It Mean to Fear the Lord? - Olive Tree Blog

Стравот предизвикува енергетски , имунолошки и психолошки пад кај човекот , а во такви состојби лесно можат да се испровоцираат симптоми на болест. Доволно е психички да се падне.

Ако ги следите официјалните медиуми, на тој пат сте.

Погрешни уверувања се формирани и во науката. И во уметностите , философијата, психологијата…скоро во сите сфери. И во биологија, хемија , физика (теорија за релативитет) , но и во религиите. Историите се тотален хаос, археологија, антропологија…погрешни парадигми на сите страни.

Религија која сугерира да се плашиме од Бог, да мислиме на рај и пекол надвор од планетата исто така може да се протолкува како погрешно уверување.  Човекот мора да понесе одговорност за своите постапки но не заради страв од последниот суд некаде на друго место. Ако човекот греши ќе искуси страдање од кое треба се оплемени со свесност, љубов и мудрост. Но христијанските начела се и повеќе од доволни за да се живее животот правилно и да останат душата и совеста чисти ,  да се постигне внатрешен мир и хармонија.

Погрешните уверувања се пренесуваа од генерација на генерација. (пр. – давале да не вакцинираат без да преиспитаат дали вакцините навистина се тоа што медицината наложила да се мисли дека се)

Во моментов наметнувањето на идејата за постоење на глобално загревање зема најголем замав.

Прво и основно правило , основна вистина е дека :
“Се е во постојата промена”.
Втората вистина е :
“Се е едно и едно е се” – ние сме неразделни од се што постои и сме во апсолутна меѓусебна поврзаност.
Третиот закон е:
“Акција и реакција” – како зборуваш, делуваш и мислиш е акција на која следствено се формира реакција и тоа е еден начин како ние учиме што е добро, а што не е добро. Школото кое го поминуваме преку сопствените искуства.

Само тоа е апсолутно, дека се се менува! И циклусите на земјата и климата одсекогаш се менувале, имало и ледено доба и секакви други промени. Само сега човекот ќе запрашува сонце за да извлијае на неизбежните промени.Тие луѓе треба сериозно да се испратат во установи за лечење или да се прогласат за непријатели на човештвото.

Could sunlight combat metabolic syndrome?

Ние без сонце не можеме да живееме. Сонцето дава живот, но дава и информација. Целата приказна со тој проект за сонцето не само што е погрешна, туку е злонамерна. Тоа што некој може нешто да прави, не значи дека смее да прави. Слободата на еден човек да ја ограничува слободата на другите или да ги обликува нивните животи , или животот на цела планета е недозволливо.

Со промената на оската на ротација на планетата се менува и климата , прецизен беше Горан Митиќ (физичар). Како последица на таквата промена на климата се зголеми нивото на CO2 , а нас ни проповедаат дека ние сме тие заради кои се зголемило нивото на CO2. Зголемувањето на CO2 е последица на промената на климата , а не причина, и не претставува опасност !!
Наса и сите други институции и опсерватории гласно ќутат за промената на оската на ротација. Океаните се резервоари кои апсорбираат и емитуваат гасови во зависност од температурата, објаснува Митиќ. Целиот универзум се наоѓа во процес на загревање и ширење , така и платетата Земја. Тоа се забележува со тоа што под океаните се формираат процепи , под кои се забележува лава и континетите се раздалечуваат меѓу себе по 3- 4 сантиметри годишно. Земјата како тело се загрева и шири , пукнатините се формират длабоко под океаните и предизвикуваат нивно затоплување кое емитува гасови во атмосверата , а со тоа се зголемува нивото на Јаглероден диоксид.

Како прво ние не смееме да се мешаме во тоа што го прави планетата! Ние немаме никакво влијание на тоа! Ова не значи дека ние не загадуваме, загадуваме и тоа многу.Човекот ги загадува и водата и воздухот и почвата , и тоа не е во ред. Но да се прогласи човекот за крив, дека тој е тој кој што е причина за климатски промени, тоа е апсурд!… Ние сме овде просто како штетни инсекти кои земјата со едно истресување како куче болви , може да ги реши.

Stop Building a Spaceship to Mars and Just Plant Some Damn Trees – Mother Jones

Тоа е погрешно уверување, а како тргнало не би изненадило ако се воведат даноци за емитување на CO2 , па ќе поскапат енергенсите бидејќи во формулата на Бил Гејтс бројот на луѓе на планетата е во директна корелација со количината на CO2, бидејќи го издишуваме и виновни сме!
Сигурно добро ќе се награди некој кој ќе измисли систем за извлекување на CO2 од атмосверата А таа технологија е направена пред човекот и се вика дрво! Флора! Целиот растителен свет е фабриката која го извршува тоа преку процесот на фотосинтеза. За нив е храна, а нас ни даваат кислород за возврат!
А што прават филантропите? Масовно сечат шуми!! Борбата да не се испосече се во шумите на Амазон е во тек и трае со години!!
Значи во светот се сечат шуми а покачен бил Јаглендиоксид и крив бил човекот! Зошто филантропите не пошумуваат? Постојано , секој ден и без престан?
Сега сточниот фонд смета, многу CO2 создава и треба да се елиминира!

Така се создаваат уверувања…со постојано повторување преку медиумите, со уфрлување на некои „важни ликови“ кои си ја продале душата или се корисни идоти при креирање на невистини, додека цела плеада на искрени и компетентни стручни лица не смее да припари до истите тие медиуми, не смее да се чуе ни види што имаат да кажат односно да докажат.

Тие „надворешни информации“ се навистина проблем. Ние сме истренирани да ги прифаќаме информациите од надвор. Но ние треба да проверуваме како тие информации резонираат со нашето внатрешно битие. Кога некој ја кажува вистината ние тоа можеме да го почувствуваме, а тој начин на распознавање на вистината не смееме никогаш да го заобиколуваме!!

Are paper books really disappearing? - BBC Future

Примањето информации од надвор е основа за формирање погрешни уверувања. Никој не не учи на кој начин треба да се поврземе со внатрешноста и на тој начин да ја осознаваме вистината. Знаењето е во нас, не е во книги. Книгите се супер и се фантастичен пример за духовна или интелектуална сатисфакција, за спознавање но како надворешен извор на инфомации , како и сите други, треба да ни биде инспирација за тоа како подобро да се поврземе со внатрешниот извор на вистинското знаење кое го носиме во себе.

Верувајте си себе си. На својот внатрешен глас. На тој тивок , скромен, мирен , ненаметлив глас кој не бара ништо. Божествениот глас. Целта не е секогаш да имаме вистински одговори туку искуството.

Се треба да проверуваме во себе , и сите одговори да ги бараме во себе. Заради таа грешка, што не го правиме тоа, сме доведени во оваа ситуација во која сме.
Не се слушавме себе, секогаш слушавме некој друг! А сме многу моќни битија! Се што прават животните можеме и ние, и тоа свесно! Имаме неограничен потенцијал , ние го креираме овој свет! Не е добар затоа што не го креираме  како што ние чувствуваме дека треба да биде креиран , туку сме изманипулирани од надворешните информации да создаваме нешто што некој друг сака да создаваме. И тоа е суштината на нашата грешка! Ние го креираме овој свет, но не според нашето срце и душа, туку според погрешните уверувања .

Ако нашата свест не би ги примала сите информации од надвор, тогаш нашата подсвест ќе регистрира се што треба..
Човечкиот ум може да биде неверојатен благослов ако правилно се користи , но ние тој благослов, заради незнаење и неискуство го претворивме во проклетство. Креиравме нешто што не е добро ни за нас како живи битија ни за целиот жив свет на планетата.
Нашата подсвест помни се, а науката е многу ефикасно злоупотребена да сите слабости ги користи против нас.
Ако можеме да се освестиме и да креираме од внатре, од вистинскиот извор, од божественото – тогаш работите ќе можат да се променат.

Милена Николиќ Симоновска

Related posts

Leave a Comment