Парадоксално и бизарно е сознанието дека вакцинираните против Ковид, продолжуваат да се заразуваат од вирусот.
Најновиот таков случај е не било кој туку Британскиот министер за здравство Сајид Џавид кој денес изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус, но дека има благи симптоми откако примил две дози вакцина против оваа болест.
„Утринава направив брз тест и позитивен сум на КОВИД“, рече тој, додавајќи дека сега чека потврда за тој резултат со тест за ПЦР.
„Чекам резултат од ПЦР-тестот , но за среќа сум вакциниран и имам благи симптоми“, додаде тој.
Ова е уште еден пример на неефикасност на вакцините откако пред неколку дена исто во Британија на собир на кој учествуваа само вакцинирани лица се случи експлозија на ковид зараза.