Свет

Министерот за надворешни работи на Луксембург: „Русите треба да го убијат Путин. Тоа е сè што може да се посака“

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска изрази сочувство за страдањата на Украинците и му посака на рускиот народ да го елиминира рускиот претседател Владимир Путин за да се запре војната.

Во интервју за јавното радио 100,7, министерот изрази жалење што руските граѓани не добиваат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми.

„Ако рускиот народ види што прави Путин во Украина, колку Украинците се плашат и колку човечки животи би можел да има на својата совест, тогаш би го срушиле Кремљ“, рече Аселборн.

Тој додаде: „Тоа можеби е сè што може да се посака, Путин да биде навистина физички елиминиран за да се запре сето тоа“. 

„Дипломатски, нема да направиме пресврт со Путин“

Запрашан од АФП, Жан Аселборн објасни дека „тоа го кажал под влијание на емоции“ откако западните дипломати на местото на настанот го информирале дека руската армија го напаѓа цивилното население во Украина, спротивно на тврдењата на Кремљ.

Аселборн рече дека е песимист за изгледите за решавање на конфликтот преку дипломатија, преговори. 

„Не треба да им кажуваме на луѓето дека дипломатски ќе успееме да направиме пресврт со Путин како претседател“, рече тој.

Руската ооетација во Украина трае веќе седум дена. 

Related posts

Leave a Comment