Политика

МИРКА ВЕЛИНОВСКА: ПОСРАНИОТ ЗАДНИК НА КОЛЕКТИВНИОТ ДИВ ЗАПАД

Настаните на кои сме сведоци последниве денови, несомнено покажаа дека англосаксонските варвари и евроатлантските вандали заедно со нивните источноевропски слуги се во фаза на дегенеративно постмодерно фашистичко лудило кое завршува со смрт.

Не ќе е првпат и сигурно не последен пат. Напросто зашто болеста е вграден фелер во човечките суштества а по замисла на големиот космички креатор. Кога одредена вредносна парадигма престанува да произведува нова вредност, настанува гнилеж на организмот од внатре и тој процес е незапирлив наспроти сите обиди да биде замаскиран. На пример со планот ,,билд бек бетер,, илити ,,ќе немате ништо и ќе си бидете среќни,, или ќе си бидете вечно жигосани ем заклучени во живинарски фарми за бројлери во посед на меките диктатори на либералниот демократски западен нацифашизам.

Значи, и овојпат ништо од обновата на новата постмодерна Римска империја. Ништо и од долго планираиот нов светски поредок на чело со американскиот император. Вашингтон напросто не го бива за да биде Рим не за друго туку зашто ниту еден пат на планетава не води до него. Едноставно ,,Четвртиот рајх,, и неговата колективна армија НАТО се мртви. А ,,европејскиот сојуз,, како ексклузивен клуб на шкопени шапшали со кои диригира имбецил како Викторија Нуланд, веќе видливо се бори за троа кислород додека се батрга на суво. И тоа после само осум десетлетија од последниот фашистички обид.

Што се случи од понеделникот до овој петок? Најголемиот здраворазумски дел од планетава разбра. Нормално, со исклучок на политичките трупци и црпки кои се самонарекуваат водачи на главните политички партии во Македонија и Украина. На пример, слушнав дека Христијан Мицковски токму сега се спрема да оди во Брисел за да ,,договара,, преговори за прием во ЕУ!? Што не го земе и Црпко со себе како засилување, а еве уште појака ќе му биде преговарачката позиција ако среде Брисел се прокурчи и со ,,државникот,, Стево СТОКАТА. Гарант пред ваков трилинг лајпрди од БЕЗИМЕНОТО северџанско слепо црево на ,,западоидниот,, Балкан, Брисел ќе остане ПАФ! Оти и она малку функционален мозок што се наоѓа денес тек тук во Европа, на нормален човек му сугерира да се огради со солиден санитарен кордон од вирусот на постмодерниот смртоносен сој фашизам, а ваму лејкиве наши безумни се нудат доброволно да му се упикаат во чмарот, со се целиот македонски народ кој за тоа не им дал изим. Ни на референдумот во 1990, ни на оној од 30 септември, ни на оној во Април кога фашистите изведоа преврат, ни на оној од АСНОМ.

Мене одамна ми е јасно дека Македонија е осудена да тоне во жив песок само заради една причина, а тоа е дека овде со државна политика се занимава најнеграмотниот слој од населението или да бидам попрецизна, најглупавиот и најинфериорниот дел од населението. Оној де што подмочува од среќа кога ќе се сретне и со погледот на шоферот на некоја евро- атланска амбасада. Еј бре, Мицко го избра правиот момент да ја соопшти политичката ГУБИТНИЧКА мантра дека Македонија и понатаму ИМА САМО ЕДНА ОПЦИЈА –сигурна смрт со ЕУ во ЕУ и во јато со НАТО и тоа додека кир Киријакос Мицотакис, само два дена по шах-матот што Владимир Путин во придружба на Лавров, Шојгу и директорот на институтот за космичка технологија му го приреди на Вашингтон, а богами и на Лондон со својата ,,изненадна,, посета на Индија и средба во живо со шефот на државата Моди и само нецел ден пред закажаниот видео ,,самит,, со Џо Бајден. Гркот, на Икарски антички крилја во низок лет и незабележан од натовските радари распространи ширум Грција, долета бесшумно во Москва кај Путин за да му најави оти Грција повеќе нема да ја следи слепо неолибералната губитничка политика на Брисел и секако на НАТО. Гркљан е во прашање, итроманец ем добар трговец кој има развиен осет за мирис, непогрешливо распознава воздушни струења и утврдува правец на дување на ветерот. Нормално, Путин не е лејка и убаво знае дека на Грк, ни во античка а ни во современа опаковка, не му се верува дури и кога ти носи подарок како што е тројански коњ на пример. Сепак, значајно и надежно за грчката држава е дека на Мицотакис му е сосема јасно она што на благонадежниот европеец Мицкоски и на црпнатиот му партнер, лејката од Муртино никогаш нема да им допре од дупе во глава дека штакорите први бегаат од бродот што тоне. Грција еднаш солидно потона следејќи европска политика. Сега, преку Мицотакис помладиот си купи карта во Москва за обезбедување понадежна иднина во потентната и просперитетна Евроазија. Заедно со Србија, Унгарија, сосема сигурно набрзо и со Австрија (откако ќе се врати Курц, Германија, Финска, Италија, веројатно набрзо Шпанија и Португалија, Швајцарија а гледам норвешкиот народ авангарден и антифашистички повеќе од својата политичка елита на голем митинг гласно ем резолутно им порача на НАТО и Вашингтон ЈЕНКИ ГО ХОУМ! Што на македонски јазик би се превело АМЕРИ, МАРШ ДОМА! Ген-секот на НАТО Столтенберг сосема сигурно ќе го јаде стапот. Евроатланската галерија на истакнати фашисти и дегенерици што продефилира во последниве триесетина години се пополнува сега со последниот политичко-експертутско-медиумски шљам заземајќи го почесното место во алејата на поразени злосторници против човештвото, наакани ем арогантни елитисти, изопачени грандомани, болносуетни паразити, психопати и социопати, клонириани хитлери, химлери, менгелеа… Идната илјадагодишна човечка историја за жал на Фукујама, династијата на Клинтони, на БУШ Први, Втори и Трети, на Обама и Обамица, на Бајден и Бајденчињата му, уште само на Денко Малевски, Фрчковски, Ѓунер Исмаил, Владе Милчин Радмила Шеќеринска, Лидија Димова, Бранко Геровски, Мила Царовска и други слични глупандери оснажени со нивните клонови во Украина, Молдова, Романија, Литва, Летонија и Естонија, Полска, Словенија и Хрватска и слични прчии, ќе се занимава и ќе ги истражува причините за појавата на овој последен сој фашистички вирус кој не ја одмина ни Македонија. За жал.

Еј бре! Што ќе да беше таква сизифовска клетва вечно да трчаш по рачката на последниот вагон од композицијата која веќе излетала од шини и се тркала низ бездната наречена колективен запад..

Стратегија демек!

Но, ако некому од политичката класа во Македонија му е за утеха, еве, ќе ги утешам. Не се само тие очајно глупави. Глупи ко ноќ се и нивните западни идоли. На пример, не помала црпка е оној Борис Џонсон кого францускиот претседател Макрон јавно го нарече кловн. Борис докажано е деген – дијагноза која самиот ја потврди од говорницата на ООН оваа есен. Се поистовети со жабецот Кермит, со Гица-Прасица, со Џемс Бонд, па со свињата Пепа и на крајот, со старогрчкиот бог на северниот ветер Бореј. Врти сучи, суштествово, недоправен човек по сите основи, потврди јавно дека е асли галактичка трансџендер мутација. Но, нему за титулата нов Калигула кој енего кај собира школки за да ги истури триумфално среде вестминстерскиот долен дом, му конкурира и самиот француски ривал, Емануел Макрон. Излезе дечково да ти биде верна копија на ,,нашиов,, сверски познат шутрак Хари Косотов од времето кога како алатка на ЦИА, а во својство на министер за внатрешни работи, успешно го откри, го демаскира, односно, го препозна Калид ал Масри, инаку државјанин на евроатланска Германија, и го уапси кога со автобус транзитираше низ Македонија а на пат за европатланска Грција за таму да чека Нова година. И така Хари на 31 декември, со огромна радост ја извести американската амбасада на Кале дека укебал исламски терорист чиј лик ја красеше светската потерница на која се налепија бројни ловци на човечки глави заради распишаните богати доларски награди. Во случкава со ,,нашиов,, Хари се јави еден ,,мал,, проблем кој се претвори во голем светски срам. Имено, уапсениот Ел Масри со исто име како она на терористот, по фаца (и во пасош и во живо) по ништо не личеше на оној што го бараат со потерница. Но, човеков ни крив ни должен беше предаден на ЦИА која со авион го транспортираше во Ирак каде цели шест месеци пројде низ фамозното цијашко мачилиште се додека Кондолиза Рајс на барање на Германија не отиде лично во Ирак за да го ослободи и да договори со жртвата парична компензација за грешката на шутот Хари и особљето од американската амбасада кое исто така по интелигенција не се разликувало од локалниот контрактор Хари Костов од село Пишица. Како што е познато, за да се избегне резилот жртвава на Хари, американците, елегантно ја истоварија во Албанија уште една балканска депонија. И така Хари и Макрон станаа крвни браќа по имбецилност.

Бре, што ти е судбина на наакани глупаци ем дегени! Ко да не беше доста тоа што Владимир Путин изигра партија велемајсторски шах имајќи за противници вашингтонски шибицари кои начекуваат наивни муштерии на Камениот мост, французов Мануел Макрон во спринт го претрча кловнов Џонсон со апсењето на Халид али Таби, саудиец кој наводно бил учесник во убиството на дисидентот Кашоги. Како и во ,,македонскиот случај,, се работело за лик од меѓународна потерница. Макрон славодобитно му објавил на светот дека укебал асли убиец, арно ама, само неколку часа подоцна дознал дека овој укебаниов е сосема друг човек што се гледало од фацата негова во живо и на сликата на неговиот пасош кој сосема се разликувал од сликата на потерницата. Зборот ми беше, Макрон мораше јавно да се извинува за грешката и така изрезилен да ги чека априлските претседателски избори кога Саудијското кралство радосно го извести државникот Макрон дека оригиналниот обвниет за убиство ене го кај лежи затвор во Сауди Арабија. За утеха на Макрон, колегата му и ривал Борис Џонсон е неколку џиновски чекори пред него по глупоќа во која сериозна конкуренција му се само Зоран Заев, Волдемар Зеленски, белорусинската побегуша Тихановска и Гваидо од Венецуела, шушумига тренирана во ЦИА и јавно признаена за легитимен претседател на Венецуела од страна на колективната глупандерска заедница на ,,сериозни држави,, озаглавени како Европска Унија плус ,,хегемонот,, САД.

Настаните на кои бевме сведоци изминатава недела им се сосема јасни и прецизни прогнози на самосвесните и умни Македонци, впрочем како и на остатокот од светот кој не бегал од часови по историја и ги крепи здравиот разум и искуството. Хаосот во кој се најдува денес светот е мотивиран од само една ,,ствар,,. Фашизмот кој го фураат како своја напредна ем ,,демократска,, политика западните дивјаци е од една единствена причина. Тие интимно се длабоко свесни оти се инфериорни наспроти интелектуално потентните Русија, Кина, Индија, Иран, Јужна и Северна Кореа, Виетнам, Сирија, Турција, Израел, Блискиот, средниот, далекиот исток, Африка, Куба, Венецуела, Никарагва, Боливија… Никој повеќе не ги рецка. Никој не им се плаши, а уште помалку им верува. Изгледа дека беше во право бившиот директор на Светската банка Волфовиц кој во 2013 година на постдипломците и докторантите на Харвард им даде татковски совет ,,да си ги спакуваат куферите и да заминат во Азија оти многу брзо светот ќе се измени до толку што нема да можат да го препознаат,,. А во тој свет, Европа и САД, значи колективниот запад, ќе биде новиот трет свет додека Азија, Африка и Јужна Америка ќе бидат богатите и просперитетните.

Ова и пред Волфовиц во уште подалечната 1976 година во интервју за неделникот СТАРТ од Хрватска го има кажано еден од ретките американски автентични интелектуалци, Гор Видал. Имено, тој на прашањето зошто од САД се преселил во Европа рече: ,,Има само една причина. Овде секој еден вклучително и деца од осум години знаат кој е Достоевски, Толстој, Тругењев, Пушкин, Есенин, кој е Мендељштајн, Кој е Чајковски, Римски Корсаков, Мајаковски, Кој е Казимир Маљевич, Шагал, што е наука и што е вистинско образование. Во мојата татковина САД, ни студенти од 20 години немаат поим каква раскошна цивилизација и светско обгатство е руската култура. Ете токму затоа сум овде,,.

И да завршам со заклучок. Западната цивилизација беше нужно да пропадне од една единствена причина а тоа е бескрајната ароганција и неверојатната глад по пљачка, разурнување и масовни убиства. Таа никогаш не создала автентична вредност ами секогаш краде од сите други. Оттука е умоболната русофобија, страв од Кина и Индија. Оттука е крвожедноста кон македонската цивилизација и негирањето на македонската историја и цивилизациско наследство на две азбуки, на распространувањето на автентичното Христово учење преку Богумилите (катарените) кое се прошири низ цела феудална Европа, филозофијата на Александар Македониски на соживот и хармонија меѓу народите и почитување на нивните традициски и културни разлики како основа за изградба да хармоничен свет на соживот со взаемно уважување.

Ваквите нешта се неразбирливи за бројлери произведени на инстант курсеви за дрндање мозок организирани и финансирани од Сорос и неговите контрактори суруши како Милчин и Шеќеринска, како Мила Царовска и се некои такви никакви недоправени суштества. И како што има кажано Винстон Черчил, романтичен империјалист и дегенерик пар екселанс по серијата колосални порази на британската светска империја во втората половина на 19 -ти и првата половина на 20-ти век, и таа ,,ексепшенел,, ем арогантна до немајкаде како и Американската: ,,Една работа да бидеш поразен а сосема друга да бидеш покриен со срам до крај на времето,,. Тоа откако Хегемонот во 1879 годин претрпе серија катастрофални порази од народот ЗУЛУ во Африка, по поразот од фашистичка Јапонија во Втората светска војна во колонијата Сигапур и Хонгконг, во Бурма, Во Северна Африка во Аламеин, во Египет и во Тубрук во Либија во 1942 година кои завршија со бело знаме и предавање на фашистичката армија на Ромел на 33ооо британски војници. Денес паљачото Џонсон се обидува пак да се курчи те во Украина, те во Црно море, те во Кинското море, иако ,,империјата,, му е сведена на еден мал остров на Атлантикот а и тој којзнае дали ќе биде цел во скоро време. Демек време му е за раскурчување по сите линии и шавови. Тоа е и толку е! Па вие видете сега кој пат треба да го фатите и накде треба да гледате, односно, на кој политичар од постојниве во Македонија ќе му ја доверите иднината на вашите семејства и пород. На постојниве полуживи мртовци или на новите дечки кои допрва ги одат првите чекори во државната политика и ги учат во живо техниките на владеењето.

М.Велиновска

Колумната е авторски текст за Слободен Свет и не е дозволено целосно превземање на истиот, освен дел со задолжителен хипер линк до оригиналот.

Related posts

1 comment

Leave a Comment