Македонија

Мицотакис: Мојата критика за Преспанскиот договор е за националноста и јазикот, не за името

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека неговата критика за Преспанскиот договор не се однесувала на името, туку „на македонскиот јазик и македонската етничка припадност“. Како што пренесе МИА, тој во интервју за грчката телевизија „Антена“, вели дека и понатаму продолжува да верува дека тоа е голема грешка.

Според него, „тие грешки“ не можат да се излекуваат и дека сега Грција се стреми кон добри односи со Македонија.

„Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон централна и источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога“, ја цитира МИА изјавата на Мицотакис дадена во интервјуто за „Антена“.

Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на Македонија во Европската Унија (ЕУ), бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“, пренесе МИА.

Related posts

Leave a Comment