Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : СТАНЕТЕ ЗА ДА СЕДНЕМЕ

 

Со години анализирајќија и посматрајќи ја ситуацијава во Македонија, особено во последниве петанесет години, секогаш кога сум се занимавал со политичариве, интелектуалциве, нашава елита, доаѓам до еден франтапен заклучок дека нашава политичка и интелектуална елита е фактички без рбетна, без кичма да се има за што да се исправат и да застанат.

Така, нашиве без кичмењаци и без рбетници, на времето кога им усвирка за потпишување на времената спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, преспански и бугарски договор нашиве без рбентици одма уцфрка, ем си прифатија све како тотални без кичмењаци. Ај што политичариве се без рбет, ами интелектуалната елита е дамбетер од нив, фино си направија комисија за историја , ту со Грција, ту со Бугарија, се што комшите ќе им наредат прифаќат без пардон, а народот кој го прашува бре!
видовте деновиве северџанската полиција излезе на протести да бараат повисоки плати и привилегии. Тоа е она истата полиција која на 17.06.2018 година, Македонскиот народ го нападна со бомби пред собранието на уредно пријавен протест, и сега тие бараат од буџетот на тој ист народ да им се зголемаат платите и привилегите. И на господава не им смета што дале заклетва дека ќе го штитата уставот на Република Македонија, а сега треба да носат шамблен од Северна Македонија и да и служат на неа. Секако, според нив тоа не е причина за кревање  на глас, за организирање на штрајк, митинзи и на крај за одбивање на послушност спрема севернава! Ах бре! ни овдека не се погоди некое мажиште со муда.
Вториво без рбетник дефинитивно е Мицковски!Дечково, односно лидеров на партијата ВРО- ДПНЕ кој јавно го повика Македонскиот народ  да стане на избори и да гласа во нивна корист. Ако може тоа вулгарно да го напишам тоа би звучело на следниов начин „ Станете за да седнам!“ Да станеме за да тој да седне на фотелја.На лидеров никогаш не му текна тој да стане кога македонскиот народ го повикуваше на илјадници митинзи, протести, на бојкот на референдумот, кога народот го повикуваше да излезе заедно со своите сопратици да го напуштат парламентото и да не учествуват во велепредавствто на Македонија. На него и на неговите тогаш одлично им беше да седат, а ние народот да бидеме станати.
Навистина ! јас незнам како ќе го вадат народот на парламентарни избори на кои ќе се гласа за фиктивната творба Северна Македонија, а Македонскиот народ кој е државјанин на Република Македонија со лични карти, државјанство и пасоши издадени од Република Македонија треба да иде и да гласа за непостоечката Северна Македонија не знам како ДПНЕ која е регистрана како партија во Република Македонија ќе учествува во изборен процес во друга држава која е непостоечка. По криминален процес од овој апла нема. Тоа тие исто како со македонски документи да идеш и да гласаш во Германија, ами кога ќе те фатат што ќе правиме? нели е тоа криминален процес.
Затоа Македонскиот народ не смее и не треба да гласа на парламентарни избори, ако не сака да учествува во криминален процес кој има за цел да ја устоличи Северна Македонија, а за секогаш да ја избриши Република Македонија. Македонскиот народ до сега се покажал како мудар и попаметен  од неговата интелектуална и политичка елита, затоа и од тој ист народ очекувам силен бојкот и на следниве парламентарни избори.
Во два наврати Македонскиот народ покажа дека за разлика од неговите политичари има повеќе рбет и кичма.. Токму со силниот бојкот на референдумот за името и на преседателските избори го покажа тоа. Наред се следниве избори на кои треба да се избират пратеници за севернава. Народот треба да ги бојкотира.
ДПНЕ исто како и СДС го изгуби кредибилитетот кај Македонскиот народ во оној момент кога седна на масата да преговарат во пржино, па потоа одбија македонскиот народ да го поведат во илегала за заедно со него да се бори против квислиншката власт на црпкава Заев, сега на ред е народот, народот ќе си го каже своето ќе ги збрише сите до еден.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Related posts

Leave a Comment