Свет

Москва : Имаме подготвен воен одговор за САД,ќе го видите

Moskva, vojna parada, vojska, Dan pobede

Москва – Русија има подготвен одговор во случај на повлекување на Соединетите Американски Држави од договорот за отворено небо, објави руското Министерство за надворешни работи.

Директорот на Министерството за неширење и контрола на оружјето, Владимир Јермаков, рече дека секоја одлука на Вашингтон да се повлече од договорот е удар за меѓународната безбедност.

„За жал, нашите американски колеги намерно се занимаваат со ова од крајот на 90-тите“, истакна дипломатот, потенцирајќи дека повлекувањето на Вашингтон од Договорот за отворено небо не претставува „големо изненадување“ за Москва.

На прашањето дали Русија ќе преземе какви било реципрочни чекори ако Соединетите држави се повлечат од Договорот, Јермаков рече: „Секако. Се е подготвено,Ќе дознаете“.

Претходно, американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп потпишал документ со намера да се повлече од овој договор.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Елиот Енгел изјави дека е загрижен за извештаите за можните планови на Вашингтон за повлекување од договорот за отворено небо. Во овој поглед, тој испрати протестно писмо до Белата куќа упатено до советникот за претседател за национална безбедност на Претседателот.

Конгресменот не објасни за какви пораки станува збор.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека американските разузнавачи започнале да ја обвинуваат Москва за кршење на договорот за спречување на надзорните летови над нејзината територија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, пак, истакна дека досега не се дадени никакви официјални изјави во врска со повлекувањето на Вашингтон од Договорот за отворено небо и додаде дека Москва го смета договорот за важен инструмент за европската безбедност.

Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и стана една од мерките за градење доверба во Европа по Студената војна. Договорот стапи во сила во 2002 година и им овозможува на земјите учеснички отворено да соберат информации за вооружените сили и активности на другите членки, објави Спутник.

Related posts

Leave a Comment