Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и неговиот американски колега Џо Бајден бил „урамнотежен и деловен“, но тој посочи дека САД и НАТО не ги преиспитале главните безбедносни проблеми на Русија, пренесува РИА Новости.
Ушаков рече дека разговорот, кој траел нешто повеќе од еден час, се одвивал во „атмосфера на хистерија за наводната намера на Русија да ја нападне Украина, која била испровоцирана од американски претставници“.
„Притисокот на темата инвазија е координиран и хистеријата го достигна својот врв“, рече Ушаков.