Свет

Руски Одговор на Заканите: Повеќе од 30 бродови на Црноморската флота испловија од Севастопол и Новоросијск

Русија започна нови големи поморски воени маневри во Црното Море во саботата, осудувајќи ја американската „хистерија“ откако Вашингтон рече дека стравува од неизбежна руска инвазија на Украина. „Повеќе од 30 бродови на Црноморската флота испловија од Севастопол и Новоросијск според планот за вежбање “, соопшти Министерството за одбрана во саботата наутро.

„Целта на вежбата е да се одбрани брегот на полуостровот Крим, базата на Црноморската флота, како и економските субјекти… од можни воени закани“, соопшти Министерството.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова доцна во петокот ги осуди проценките на Вашингтон дека руската инвазија на Украина може веднаш да започне. „ Хистеријата во Белата куќа зборува погласно од кога било. На англосаксонците им треба војна. По секоја цена. Провокациите, дезинформациите и заканите се префериран метод за решавање на сопствените проблеми“, критикуваше таа на Телеграм.

Најавени воени вежби на Атлантикот, Арктикот, Пацификот и Медитеранот

Во последните месеци, Москва собра десетици илјади војници на границите на Украина, што предизвика страв од напади. Русија, која ги негира таквите намери, бара гаранции за својата безбедност, вклучително и непроширување на НАТО во Украина.

Во јануари Русија најави поморски вежби за јануари и февруари на Атлантикот, Арктикот, Пацификот и Медитеранот , но и во „водите и морињата долж руската територија“. „Вкупно, ќе учествуваат повеќе од 140 воени бродови и бродови за поддршка, повеќе од 60 авиони и околу 10.000 воен персонал“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Во Црното Море, тензиите се високи во последниве години, а Москва ги обвини Украина и Западот дека ја загрозуваат нејзината безбедност.

Во јуни 2021 година, руската флота испука предупредувачки истрели кон британскиот разурнувач таму . Русија во моментов спроведува и вежби за борбена готовност во Белорусија, на границите ЕУ-Украина.

Related posts

Leave a Comment