Свет

Москва ќе воведе реципрочни мерки за британските медиуми

бабенкоденис / депозит / илустрација

Москва – Москва ќе воведе реципрочни мерки во блиска иднина на британските медиуми кои работат во Русија како одговор на чекорите на Лондон против руските новинари.

Ова за руската новинска агенција Тас го изјави извор од висока позиција. Тој рече дека Лондон неодамна започнал да презема „агресивни чекори“ кон руските медиуми, изјавувајќи дека тоа е поврзано со одлуката на британските власти да му ја ускратат дозвола за работа на еден руски новинар и да принудат друг новинар да го напушти Лондон.

Истиот извор ја обвини Велика Британија за „влечење конци“ во Естонија, каде властите го прогонуваат руски Спутник.

Related posts

Leave a Comment