Македонија

Нападнатиот лекар од Тетово во бесознание препратен на скопските клиники

 

Докторот од Кожно – венеричната служба од Тетово паднал во бесознание откако од пациент бил претепан во присуство на полициски службеници.

Се работи 43 годишен жител од Голема Речица кој утринава во два наврати го нападнал докторот, затоа што го одбил да му даде изјава со потпис дека негов колега кај кого имал закажано термин во истата служба не бил на работното место.

Нападнатиот лекар во бесознание е препратен на скопските клиники. За неколку часа се освестил. Првичните информации говорат дека се здобил со повреди во главата.

Елези вели дека секоја недела се напаѓаат доктори, но и останатиот медицински персонал.

Решение на проблемот гледа во донесување на закон за заштита на лекарската фела, кој е подготвен, но се чека негово изгласување во собранието.

Со постојните закони, како законот за работни односи и закон за здравствена заштита ние не сме воопшто заштитени, за разлика од нашите колеги од соседните земји .

Од полицијата информираат дека напаѓачот е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Leave a Comment