Бомба експлодирала на патот во авганистанската провинција Кандахар додека поминувал конвој на американските трупи, изјави портпаролот на НАТО и авганистански службеник.
Но, засега не се достапни детали за бројот на жртвите во нападот, за кој Талибанците ја презедоа одговорноста.
И покрај зимското затишје во борбите поради обилните снежни врнежи на планините каде Талибанците обично се одмараат и ги планираат своите годишни напади, бомби на патиштата продолжуваат да бидат детонирани на места на кои патролираат авганистанските сили и нивните сојузници.
Висок авганистански воен претставник во Кандахар изјави дека инцидентот се случил во областа Данд.
Странските трупи ја оградија областа и ги држат авганистанските сили подалеку од местото на несреќата, додаде официјалниот претставник.
Портпаролот на НАТО изјави дека ја оценува ситуацијата, но одби дополнителни детали, објави Фена, а пренесува Avaz.ba .
Портпаролот на Талибанците Кари Јусуф Ахмади ја презеде одговорноста за нападот и рече дека експлозијата ги убила сите војници во возилото. Талибанците обично тврдат дека има жртви и надувуваат бројки кога ги напаѓаат авганистанските и странските трупи, забележува Ројтерс.
#BREAKING: A roadside bomb hit a convoy of #US troops in #Afghanistan, according to a @NATO spokesperson and an Afghan official.https://t.co/yA7RcDhvVW
— The Jerusalem Post (@Jerusalem_Post) January 11, 2020